From Wikipedia, the free encyclopedia
Пахомиј II Цариградски — Вселенски патријарх во периодот од 1584 до 1585 година.[1] Понекогаш се смета за узурпатор на престолот.
Пахомиј II Цариградски | |
---|---|
Цариградски патријарх | |
Црква | Цариградска патријаршија |
Ракоположен | 22 февруари 1584 |
Службата завршила | февруари 1585 |
Претходник | Еремија II |
Наследник | Теолепт II |
Лични податоци | |
Претх. служба | митрополит Кајсерски |
Од изворите во XVI век се стекнува негативен впечаток за Пахомиј: за него се зборува како за „расколник“ од псевдоавторот Доротеј и Ленотиј Евстракиј запишал дека тој „нанел немерлива тага над христијаните“.[2]
Пахомиј по потекло бил од Лезбос.[3] Бил човек со солидно образование, учител по филозофија и математика на султанот Мехмед III. Околу 1580 година тој станал ректор во патријахалната црква во Цариград. Околу 1583 или 1584 година, благодарение на поддршката од неговиот брат, кој бил богат трговец, тој си го купил местото метрополит Кајсерски. Сепак, патријархот Еремија II, кој како патријарх имал право да го одобри секое назначување за митрополит, одбил да го потврди и благослови.[4]
Пахомиј предводел група на грчки прелати кои се обиделе да го расчинат Еремија, обвинувајќи го за поддршка на востаниците против Османлиското царство, дека покрстил муслиман и дека се допишувал со папството. [2] Еремија II бил уапсен и тепан, по што следеле три судења: првото обвинување не било докажано, но последното довело до негова смена на 22 февруари 1584 година. Со лична улога на султанот Мехмед III, Пахомиј бил назначен за патријарх. Назначувањето не се должело на личните врски на Пахомиј со султанот, туку на ветувањето дека ќе ја зголеми даночната исплата на црквата кон Османлиите.[4]
За време на неговото патријархување, се одржал синод во Цариград на кој присуствувал и патријархот Ерусалимски Софрониј IV, кој го осудил грегоријанскиот календар и го протерал претходниот патријарх Еремија II, за кого утврдиле дека не се спротивставил доволно на новиот календар.
Истите епископи се обиделе да го расчинат Пахомиј, нудејќи му на султанот Мурат III огромна сума од 40.000 флорини. Султанот сепка ја добил истата сума на пари од пријателите на Пахомиј и го оставил да патријархува. Пахомиј останал непопуларен меѓу христијанското население, поради неговите ветувања за зголемување на годишните давачки кон Османлиите, пари кои се собирале од православните верници, кои одбиле да помогнат. За да ги обезбедипарите Пахомиј почнал да го распродава црковниот имот, но не успела да ја обезбди ветената сума.[2] Пахомиј исто така не успеал да се справи и со таковната полемика спроведувана против него од страна на ѓаконот на Еремија II, Никифор, кој неговиот избор го сметал за нелегален. Конечно Пахомиј бил расчинет на состанок на прелатите на 26 или 27 февруари 1585 година, и султанот не се противел на одлуката на синодот. Пахомиј бил наследен од патријархот Теолепт II, кој се здружил со него во обидот за расчинување на Еремија II претходната година.[2]
Година подоцна на Пахомиј бил ослободен од обвиненијата и бил испратен да собира донации во Египет и Кипар. За време на своите патувања Пахомиј бил обвинет за неморално однесување,[4] и се вратил во Цариград, каде работел и продолжил да предизвикува проблеми. На крај бил протееран во Влашко, каде и починал.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.