From Wikipedia, the free encyclopedia
Патување во центарот на Земјата (француски: Voyage au centre de la Terre) — класичен научнофантастичен роман од Жил Верн[1].
![]() | |
Автор | Жил Верн |
---|---|
Изворен наслов | Voyage au centre de la Terre |
Илустратор | Едуар Риу |
Изработувач на корицата | Едуар Риу |
Земја | Франција |
Јазик | Француски |
Серијал | Необични патувања #3 |
Жанр | Научна фантастика, авантуристички роман |
Издавач | Пјер-Жил Етцел |
Издадена | 25 ноември1864 |
Published in English | 1871 |
Претходна | Доживувањата на капетанот Хатерас |
Следна | Од Земјата на Месечината |
Прво бил објавен на француски јазик во 1864 година, потоа повторно издаден во 1867 година во ревидирано и проширено издание.
Професорот Ото Лиденброк е централната фигура на приказната, ексцентричен германски научник кој верува дека има вулкански цевки кои стигнувале до самиот центар на земјата. Тој, неговиот внук Аксел, нивниот исландски водич Ханс рапел влегуваат во познатиот неактивен вулкан на Исланд Snæfellsjökull, потоа се соочуваат со многу опасности, вклучувајќи ги и пештерските земјотреси, потполарните торнада, подземен океан и живи праисториски суштества од епохите мезозоик и кенозоик. (Ревидираното издание од 1867 година донело и дополнителен праисториски материјал во поглавјата 37–39.) На крајот, тројцата истражувачи се исфрлени на површината од активниот вулкан, Стромболи, во јужна Италија.[2].
Овој роман на Жил Верн, се надоврзува на некои од романите кои подоцна ќе бидат инспирација за многу филмски, телевизиски, радио и театарски интерпретации.
Покрај тоа, тој исто така спаѓа во романите во кои покрај литературните вредности и исклучителната стилска совршеност во жанрот на научната фантастика, преовладува и одредената ситуација во која авторот покрај литературата, ќе остане и запаметен и со своите предвидувачки наслутувања како и познавањето на одредени содржини кои се далеку пред неговото време.
Во овој роман, Верн покажал и исклучително познавање на геологијата, минералогијата, праисторијата и ја најавува актуелната тема за исчезнатиот подземен живот како што подоцна е оној за таинствената планина Кајлас и внатрешниот живот во нејзината подземна утроба.
Палеонтологијата на романот во голема мера се потпирала на описите на праисторијата во популарното-научно дело на Луј Фигје од 1863 година La Terre avant le déluge („Земјата пред потопот“); Верн лично го познавал Фигје како колега член на Парискиот круг на научниот печат[3].
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.