From Wikipedia, the free encyclopedia
Лав X (латински: Leo PP. X, роден на 11 декември 1475 во Фиренца - починал на 1 декември 1521 во Рим) — римски папа од 11 март 1513 до 1 декември 1521[1]. Тој бил втор син на Лоренцо де Медичи. Учел во дворот на сојот татко во Фиренца и на универзитетот во Пиза.
Leo X | |
---|---|
Родено име | Џовани Медичи |
Папа од | 11 март 1513 |
Папа до | 1 декември 1521 |
Претходник | Папа Јулиј II |
Наследник | Папа Адријан VI |
Роден | 11 декември 1475
Фиренца |
Починал | 1 декември 1521
Рим |
Други папи по име Лав (појаснување) |
Во 1492 година бил назначен за кардинал, а во 1494 година бил протеран од Фиренца, поради револтот на Џироламо Савонароли. Во 1500 г. се вратил и набрзо воспоставил власт на Медичи во градот. Како папа, бил покровител на уметноста и ја забрзал изградбата на базиликата Свети Петар. Ја зацврстил политичката моќ на папата во Европа, но поради неговото трошење го загубил богатството. Ги обесхрбрувал реформите на Петтиот Латерански собор, а реагирал несоодветно на реформацијата, ексомуницирајќи го Мартин Лутер во 1521 година и не можејќи да одговори на потребата за промени, пропуст што го најавил крајот на обединетата Западна црква.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.