село во Општина Ранковце From Wikipedia, the free encyclopedia
Отошница — село во Општина Ранковце, североисточна Македонија.
Отошница | |
Поглед на селото Отошница кај главната селска црква | |
Координати 42°11′44″N 22°4′49″E | |
Регион | Североисточен |
Општина | Ранковце |
Население | 61 жит. (поп. 2021)[1] |
Пошт. бр. | 1316 |
Повик. бр. | 031 |
Шифра на КО | 15040 |
Надм. вис. | 533 м |
Слава | Свети Јован |
Отошница на општинската карта Атарот на Отошница во рамките на општината | |
Отошница на Ризницата |
Селото се наоѓа во долината на Отошничка Река, која е десна притока на Крива Река. Двете долински страни — Осојна и Присојна кои се делумно обработени од населението се спуштаат благо кон реката.
Отошница се наоѓа во крајниот западен дел на Општина Ранковце, чиј атар допира до соседната Општина Старо Нагоричане. Населбата се протега до подножјето на планината Герман и има ридско-планински карактер. Селото е од разбиен маалски тип. Атарот на селото зафаќа простор од 14,8 км2.
Од општинското средиште Ранковце е оддалечено 5 километри. До селото има асфалтен пат, кој е во добра состојба. Селото не е поврзано со директен автобуски превоз.
Селото потекнува од доцното античко време на што укажуваат пронајдените Археолошки наоѓалишта. Пишан доказ за Отошница има од средниот век, кога извесен Властелин Влатко го приложил селото, а на 25 март 1355 година тоа го потврдил и цар Душан на Хиландар.
На крајот на XIX век Отошница спаѓало во Кривопаланечката каза на Османлиското Царство.
Главно населението се занимава со сточарство и полјоделство. Сточарството е насочено кон одгледување на говеда и овци. Во селото нема никакви стопански објекти.
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Бројот на семејства во Отошница се движел во 1921. г. — 84, 1948. г. — 113, 1961. г. — 128 и 1971. г. — 118 семејства.
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 750 Македонци.[2]
Во селото според податоците од пописот во 2002 година живеат 105 жители, сите Македонци.[3] Сите жители припаѓаат на православната религија.
Според последниот попис од 2021 година, во селото живеел 61 жител, од кои 60 Македонци и 1 лице без податоци.[4]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 650 | 640 | 878 | 966 | 997 | 680 | 377 | 186 | 154 | 105 | 61 |
Според истражувањата на Бранислав Русиќ во 1953 година, родови во селото се:
Селото се наоѓа во Општина Ранковце, која била една од ретките општини во Македонија, која не била воопшто менувана во поглед на нејзините граници со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година.
Во периодот од 1962 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Крива Паланка, додека во периодот по војната од 1957 до 1962 година се наоѓала во некогашната општина Ранковце, каде што се наоѓало и во периодот 1955-1957.
Во периодот 1952-1955, селото исто така се наоѓало во тогашната општина Ранковце, во која покрај Отошница се наоѓале и селата Ветуница, Вржогрнце, Гулинци, Љубинци, Одрено, Опила, Радибуш, Ранковце и Станча. Самата Општина Ранковце била дел од Кривопаланечката околија. Во периодот 1950-1952, селото се наоѓа во рамките на истоимената општина.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.