![cover image](https://wikiwandv2-19431.kxcdn.com/_next/image?url=https://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/d/d7/Chessboard480.svg/langmk-640px-Chessboard480.svg.png&w=640&q=50)
Отворање (шах)
From Wikipedia, the free encyclopedia
Отворање — поим што во шахот има две основни значења: фаза во играта и низа од потези. Шахистите се сложуваат со оваа поделба, но во многу книги и статии овие два поими се поистоветуваат и се создава едно пошироко значење на поимот.[1]
a | b | c | d | e | f | g | h | ||
8 | ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() | 8 | |||||||
7 | 7 | ||||||||
6 | 6 | ||||||||
5 | 5 | ||||||||
4 | 4 | ||||||||
3 | 3 | ||||||||
2 | 2 | ||||||||
1 | 1 | ||||||||
a | b | c | d | e | f | g | h |
Најраната фаза во развојот на партијата е позната како отворање. Во првите неколку потези, шахистите имаат за цел да ги преместат своите фигури од почетните позиции на некои полиња на кои би биле покорисни.
Шаховско отворање е група на почетни потези во шаховската игра. Познатите почетни потези се познати како отворања, доколку настануваат со потези на белиот или „одбрани“, доколку настануваат како одговор на црниот. Во шаховската теорија постојат голем број на различни отворања и стотици варијанти и линии во секое отворање одделно. Во книгата The Oxford Companion to Chess се наведени 1327 именувани отворања и варијанти.[2] Меѓу нив има отворања кои се одликуваат со тивка положбена игра (на пример Ретиевото отворање, линии како оние во Одбиениот дамин гамбит), па сè до диви тактички варијанти (на пример Латвискиот гамбит и Одбраната со два коња, каде особено е карактеристична Тракслеровата варијанта).
Низата од потези кои се сметаат за стандарди во почетокот на партијата се наречени „теоретски потези“ или поедноставно „теорија“. Овие дела ги прикажуваат овие потези со примена на алгебарска нотација, гранки на отворањата или теориски таблици. Кога партијата започнува да отстапува од познатите потези од теоријата на отворањето, шахистите се вели дека се „надвор од теоријата“. Во некои линии во отворањето, најдобрите потези за обете страни се анализирани до дваесеттиот, па дури и до дваесет и петтиот потег. Професионалните шахисти, поминуваат години во анализа и проучување на шаховските отворања и оваа работа продолжуваат да ја извршуваат и понатаму, бидејќи шаховската теорија на отворањата и понатаму напредува.
Воведувањето на нова низа на потези, па и само еден нов потег се нарекува „новинка“. Доколку новинката се чува во тајна и се одигра во тунирска партија од големо значење, тогаш станува збор за „подготвувана варијанта“, која може да биде многу силно оружје во конкуренција на врвните шахисти.[3]