Острови во Тувалу
список на статии на Викимедија / From Wikipedia, the free encyclopedia
Островите во Тувалу се административните единици или окрузи од кои е составена државата. Тувалу има вкупно девет острови, од кои шест се атоли. Бидејќи секој атол има уште по неколку малечки островчиња, државата има повеќе од 124 острови и мали островчиња.
Најмал од деветте острови е Ниулакита, кој бил ненаселен до 1949 година. Поради тоа, тој не се сметал за посебна административна единица, туку како дел од Ниутао. Најмалку 11 острови се населени.