From Wikipedia, the free encyclopedia
Осман Букари (роден на 13 декември 1998 година, во Акра) — гански фудбалер, напаѓач на Црвена Ѕвезда и на репрезентацијата на Гана.
Осман Букари | |||
---|---|---|---|
Лични податоци | |||
Полно име | Осман Букари[1] | ||
Роден на | 13 декември 1998 | ||
Роден во | Акра, Гана | ||
Држава | Гана | ||
Висина | м | 1,70||
Позиција | крило | ||
Клупски податоци | |||
Сегашен клуб | Црвена ѕвезда | ||
Број | 11 | ||
Младинска кариера | |||
Акра Лајонс | |||
→ Андерлехт | |||
Кариера* | |||
Години | Клуб | Наст. | (Гол.) |
2018-2019 | Тренчин | 51 | (12) |
2020-2022 | Гент | 25 | (4) |
2021-2022 | → Нант | 24 | (2) |
2022- | Црвена ѕвезда | 16 | (4) |
Репрезентација ‡ | |||
2019 | Гана 23 | 3 | (3) |
2021- | Гана | 9 | (2) |
* Ажурирано на: 20 јуни 2014 ** Ажурирано на: 1 септември 2014 |
Својте почетоци Букари ги направил во својата родна земја, а професионалната кариера ја започнал во Словачка, во екипата на Тренчин, во која стигнал во јулу 2018 година од Акра Лајонс. Во двете години поминати во Словачка, Букари бил еден од најдобрите фудбалери во лигата на таа земја; во сезоната 2019-2020, бил прогласен за најдобар играч на Тренчина, избран во идеалниот тим на сезоната на словачкото првенство[2] и бил во краткиот список од три играчи во изборот за најдобар фудбалер на сезоната.
На 4 септември 2020, потпишал тригодишен договор со белгискиот Гент.[3] Веднаш по потпишувањето успеал да стане редовен член на стартната постава. На 22 ноември 2020, го постигнал својот прв гол за Гент, победничкиот во успехот со 1-0 на гостувањето кај Шарлероа. Во сезоната 2020-2021, Букари одиграл вкупно 35 натпревари за Гент во сите натпреварувања и постигнал 4 гола.
На 12 август 2021, Букари преминал во Француската Лига 1 каде му се приклучил на Нант на позајмица до крајот на сезоната.[4][5] Тој бил дел од екипата што го освоила Купот на Франција, четврти за Нант во клупската историја. Успехот му обезбедил на клубот Северозападна Франција, квалификација во европските натпреварувања за првпат по 21-годишно чекање.
На 21 јуни 2022, Букари потпишал за Црвена Ѕвезда, откако српскиот шампион му платил на Гент 3 милиони евра.[6][7] Своето деби го имал против Раднички Ниш,[8] и во истиот тој натпревар го постигнал првиот свој гол за црвено-белите.
Своето деби за репрезентацијата на Гана, Букари го имал на 25 март 2021, во натпревар против Јужна Африка што завршил нерешено 1-1.[9] Благодарение на добрите настапи на клупско ниво со Нант и Црвена Ѕвеада, тој добива почести повици и станал постојан стартер во репрезентацијата од март 2022 година.
На 1 јуни 2022, го постигнал својот прв гол за Гана против Мадагаскар во победата со 3-0 во квалификациите за Африканскиот куп на нации 2023.[10] Во ноември 2022, Букари бил повикан од селекторот Ото Адо да ја претставува репрезентацијата на црните ѕвезди на Светското првенство 2022 во Катар. На 23 ноември, во воведниот натпревар на Гана на турнирот против Португалија (пораз 3-2), тој постигнал гол, со кој го поставил конечниот резултат на натпреварот.
Хронологија на настапи и постигнати голови за националната селекција ― Гана | ||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Дата | Град | Домашни | Резултат | Гости | Натпреварување | Голови | Инфо | Детали |
25-3-2021 | Јоханесбург | Јужна Африка | 1 – 1 | Гана | Квал. за АФКОН 2021 | 1 | 46' | |
28-3-2021 | Кејп Коуст | Гана | 3 – 1 | Саун Томе и Принсип | Квал. за АФКОН 2021 | - | 46' | |
25-3-2022 | Кумаси | Гана | 0 – 0 | Нигерија | Квал. за СП 2022 | - | 79' | |
29-3-2022 | Абуџа | Нигерија | 1 – 1 | Гана | Квал. за СП 2022 | - | 73' | |
1-6-2022 | Кејп Коуст | Гана | 3 – 0 | Мадагаскар | Квал. за АФКОН 2023 | 1 | 76' | |
5-6-2022 | Луанда | Централноафриканска Реп. | 1 – 1 | Гана | Квал. за АФКОН 2023 | - | 63' | |
27-9-2022 | Лорка | Никарагва | 0 – 1 | Гана | Пријателска | - | 90+3' | |
24-11-2022 | Доха | Португалија | 3 – 2 | Гана | СП 2022 - Прва фаза | 1 | 77' | |
2-12-2022 | Ал Вакра | Гана | 0 – 2 | Уругвај | СП 2022 - Прва фаза | - | 46' | |
Вкупно | Настапи | 9 | Голови | 2 |
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.