Орхидеи
семејство растенија / From Wikipedia, the free encyclopedia
Орхидеи (науч. Orchidaceae) — најголемата семејство на цветни растенија.[2][3] Нејзиното име е изведено од родот Orchis.
Орхидеи Период: доцна креда – денес | |
---|---|
Научна класификација [ у ] | |
Царство: | Растенија |
клад: | Скриеносеменици |
клад: | Монокотиледони |
Ред: | Шпаргловидни |
Семејство: | Орхидеи Juss.[1] |
Типски род | |
Салеп (Orchis) Tourn. ex L. | |
Потсемејства | |
| |
Распространетост на семејството |
Кралските ботанички градини од Кју наведуваат 880 родови и близу 22.000 опишани видови, но точната бројка не е позната (можеби таа изнесува и до 25.000)[4] како резултат на големи таксономски несогласувања. Бројот на орхидејни видови го надминува за четири пати бројот на видови на цицачи, или за двапати бројот на птици. Исто така, оваа фамилија сочинува околу 6-11% од сите семени растенија.[5] Околу 800 нови видови на орхидеи се опишуваат секоја година. Најголеми родови од фамилијата на орхидеите се Bulbophyllum (2,000 вида), Epidendrum (1,500 вида), Dendrobium (1,400 вида) и Pleurothallis (1,000 вида). Оваа фамилија исто така го вклучува и родот Vanilla (родот на растението Vanilla planifolia од кое се добива ванила), Orchis и многу други култивирани растенија, како што се Phalaenopsis или Cattleya.
Дополнително, со вметнувањето (интродукцијата) на тропските видови во 19 век, хортикултуристите произведоа повеќе од 100.000 хибридни видови и култивари.