![cover image](https://wikiwandv2-19431.kxcdn.com/_next/image?url=https://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/d/d7/Orhan_Gazi.jpg/640px-Orhan_Gazi.jpg&w=640&q=50)
Орхан I
From Wikipedia, the free encyclopedia
Орхан І (османски турски: اورخان غازی، اورخان بن عثمان بن ارطغرل; турски: Orhan Gazi) (роден околу 1281 година - починал во март 1362 година) — вториот султан на Отоманското Царство од 1324 година до 1359 година, син на Осман I.
![]() اورخان غازی | |
---|---|
Бег Гази | |
![]() | |
османски турски | اورخان غازی، اورخان بن عثمان بن ارطغرل |
турски | Орхан Гази |
Роден | 1281 |
Место | Согут, Икониски Султанат |
Починал | март 1362 (на 80–81 г.) |
Место | Бурса, Отомански Бејлик |
Погребан | Гроб на Орхан Гази, Бурса |
Придружничка | Нилуфер Хатун Аспорча Хатун Теодора Хатун Ефтандисе Хатун Бајалун Хатун |
Потомство | Погледни подолу |
Семејство | Отоманска династија |
Династија | Отоманска династија |
Татко | Осман I |
Валиде султан | Малхун Хатун[1] |
Тој продолжил со проширување на своите територии на сметка на Византија. Така во 1331 година паднала Никеја, а во 1337 паднала Никомедија. Бурса станала новата престолнина на султанатот. Во негово време, земјата започнала да се организира како држава во која биле пуштени односно изработени првите ковани пари, била направена модернизирана војска и слично.
Орхан бил син и наследник на Осман I, вториот султан на Османлиската држава, и првиот султан кој ја проширил Османлиската држава на сметка на територијални освојувања во Европа и ја институционализирал османлиската војска и управувањето. Наследството на Орхан- Османлиската држава, се наоѓало во Мала Азија и на брегот на две мориња – Црно и Мраморно. Орхан создал империја што ја опфаќала Мала Азија и дел од Европа, а се протегала до три мориња – Егејското, Мраморното и Црното Море.
Во 1336 тој го освоил просторот пред Босфор кај Цариград и егејскиот брег од спротивната страна на полуостровот Галиполе, победувајќи ги византиските владетели, пресечени од страна на Османлиите од својата престолнина. До крајот на 1337, Орхан ги присоединил последните византиски поседи во Западна Анадолија. Византија во тоа време била ослабена со внатрешните верски судири и политичка борба, но и со војната со силните бугарски и српски царства на Балканот.