Суровичево (општина)
општина во Леринско, Егејска Македонија / From Wikipedia, the free encyclopedia
Суровичево (грчки: Δήμος Αμυνταίου, Димос Аминдеу) — општина во западниот дел на Егејска Македонија, денес во Грција. Административен центар е градот Суровичево (Аминдео). Општината ги опфаќа селата во најсеверниот дел на котлината Сариѓол (Кајларско Поле) околу Петерското и подрачјето на запад од Островското Езеро. Според традиционалното сметање, општината опфаќа дел од Леринско, помал дел од Кајларско и едно село од Костурско.
Повеќе информации Општина Суровичево Δήμος Αμυνταίου, Карта на општина Суровичево ...
Општина Суровичево Δήμος Αμυνταίου | |
---|---|
Пателе со Островското Езеро
| |
Податоци | |
Област: | Западна Македонија |
Округ: | Лерин |
Гео. област: | Сариѓол |
Население: | 17.652 (2021) |
Седиште: | Суровичево |
Нас. места: | 29 |
Пошт. бр.: | 532 00 |
Пов. бр.: | 23860-2 |
Портал: | amyntaio.gr |
Затвори