Општествена филозофија
From Wikipedia, the free encyclopedia
Општествена филозофија или социјална филозофија — наука што се занимава со друштвеното поведение и го толкува општеството и неговите установи во етички вредности наместо како емпириски односи.[1] Низ таа призма, општествената филозофија разгледува прашања од политичка, правна, морална и културна природа, но развива и нови теоретски рамки, од општествена онтологија, етиката на негата, меѓународните теории за демократијата, човековите права, родовата еднаквост и светската правда.[2]