![cover image](https://wikiwandv2-19431.kxcdn.com/_next/image?url=https://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/9/96/Al_aqsa_moschee_2.jpg/640px-Al_aqsa_moschee_2.jpg&w=640&q=50)
Опсада на Ерусалим (637)
From Wikipedia, the free encyclopedia
Опсадата на Ерусалим траела во периодот од ноември 636 до април 637 година помеѓу силите на Византија и Праведниот Калифат на територијата на денешен Израел. Битката е дел од Византиско-арапските војни и Муслиманското освојување на Сирија, а завршила со победа на Праведниот Калифат.
Опсада на Ерусалим (637) | |||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Дел од Византиско-арапски војни Муслиманско освојување на Сирија |
|||||||||
![]() Џамијата Ал-Акса |
|||||||||
|
|||||||||
Завојувани страни | |||||||||
![]() | ![]() |
||||||||
Команданти и водачи | |||||||||
Абу Убаид Халид ибн ал-Валид | Софрониј Ерусалимски | ||||||||
Сила | |||||||||
~20,000[1] | непознато |
Опсадата на градот започнала кога муслиманскиот водач Абу Убаид наредил опсада на градот, за да по шест месеци патријархот Софрониј се согласи да го предаде градот, но под услов градот да се предаде на арапскиот калиф. Така во април 637 година во Ерусалим пристигнал Омер на кој официјално му бил предаден градот.
Муслиманското освојување ја заврстила арапската контрола врз Палестина, контрола која ќе ја задржи до почетокот на Првата крстоносна војна кон крајот на 11 век. Ерусалим од страна на муслиманите започнал да се гледа како свет град за исламот, но градот останал свет и за евреите и христијаните. во 613 година, еврејскиот бунт против Ираклиј I кулминирал со освојување на градот од страна на Персија и формирање на еврејска автономна област. Револтот завршил со заминувањето на Персијците и масакар врз еврејското население во 629 година од страна на Византија, по кое завршила еврејската автономија и управа на градот.