Опозиција (политика)
From Wikipedia, the free encyclopedia
Опозиција (латински: oppositio — спротивставеност) — израз со кој во политиката се означуваат поединци, групи и организации кои од политички или идеолошки причини се спротивставени на поединци, групи и организации кои претставуваат власт, односно режим во некоја држава. Степенот на спротивставеност варира во зависност од политичките услови - на пример во авторитарните системи опозицијата е репресирана, додека во либералните е посакувана.[1]