Олдос Хаксли
From Wikipedia, the free encyclopedia
Олдос Ленард Хаксли (англиски: Aldous Leonard Huxley; 26 јули 1894 – 22 ноември 1963 ) — англиски писател и еден од најистакнатите европски есеисти на XX век. Најпознат е по романот „Храбар нов свет“ и големиот број есеи. Хаксли бил хуманист и пацифист, а во подоцнежните години се интересирал за спиритуални теми, како парапсихологија и филозофски мистицизам. Исто така, тој бил познат и по консумирањето психоделични супстанции (за што опширно опишува во книгата „Врати на восприемањето“) и по залагањето за нивната употреба. Уште пред крајот на неговиот живот, во некои академски кругови Хаксли бил сметан за водач на современата мисла и интелектуалец од највисок ранг, а бил мошне ценет и како еден од најзначајните истражувачи на визуелната комуникација како и теориите за видот.[1]
Олдос Хаксли Aldous Huxley | |
---|---|
Роден/а | 26 јули 1894
Годалминг, Сари, Англија |
Починат/а | 22 ноември 1963
Лос Анџелес, САД |
Занимање | писател |
Потпис |