From Wikipedia, the free encyclopedia
Олгин (шпански: Provincia de Holguín) е една од покраините во Куба, втора по населеност, по градот-покраина Хавана. Се наоѓа во југоисточниот дел на земјата. Поважни градови се Олгин (главниот град), Банес, Антилја, Мајари и Моа.
Олгин Provincia de Holguín | |
---|---|
Покраина во Куба | |
Земја | Куба |
Админ. центар | Олгин |
Површина[1] | |
• Вкупна | 9.209,71 км2 (355,589 ми2) |
Население (2022)[1] | |
• Вкупно | 1,098,275 |
• Густина | 0/км2 (0/ми2) |
Час. појас | EST (UTC-5) |
Повик. бр. | +53-024 |
Мреж. место | holguin.cu |
Населението брои малку над еден милион жители. Зафаќа површина од 9.300 км², од кои 25% отпаѓаат на шуми.
Кристофер Колумбо допловил тука на 27 октомври 1492. Потем тој рекол дека ова е „најубавата земја која човечки очи имаат видено“.
Покраината Олгин била создадена во 1978 год., по одделувањето од регионот Ориенте.
Како и најголемиуот дел од земјата, стопанството во Олгин се заснова на шеќерна трска, но рударството, пченката и кафето се исто така важни гранки.
Во Моа има огромна фабрика за обработка на кобалт со терминали за испорака, која била изградена со помош од странство, која во главен дел дошла од Канада. Во покраината има и многу индустриски капацитети за обработка и на хром, никел, железо и челик.
Од неодамна во покраината почнат е и развојот на туризмот и постојат бројни хотели околу Гвардалавака.
Олгин е поделен на 14 општини:
Општина | Население (2004) | Површина (км²) | Местоположба |
---|---|---|---|
Антилја | 12.222 | 100 | 20.84861° СГШ; 75.75250° ЗГД |
Багванос | 52.854 | 806 | 20.76306° СГШ; 76.02944° ЗГД |
Банес | 81.274 | 781 | 20.97000° СГШ; 75.71139° ЗГД |
Какокум | 42.623 | 661 | 20.74389° СГШ; 76.32417° ЗГД |
Калихто Гарсија | 57.867 | 617 | 20.85417° СГШ; 76.60194° ЗГД |
Квето | 34.503 | 326 | 20.64833° СГШ; 75.93167° ЗГД |
Мајари | 105.505 | 1.307 | 20.65944° СГШ; 75.67778° ЗГД |
Моа | 71.079 | 730 | 20.64000° СГШ; 74.91750° ЗГД |
Олгин | 326.740 | 666 | 20.88889° СГШ; 76.25722° ЗГД |
Рафаел Фрејре | 50.080 | 620 | 21.02833° СГШ; 75.99639° ЗГД |
Сагва де Танамо | 52.013 | 704 | 20.58611° СГШ; 75.24167° ЗГД |
Урбано Норис | 43.892 | 846 | 20.60139° СГШ; 76.13250° ЗГД |
Франк Паис | 25.621 | 510 | 20.66472° СГШ; 75.28139° ЗГД |
Хибара | 72.810 | 630 | 21.10722° СГШ; 76.13667° ЗГД |
Извор: Население од пописот во 2004 г.[2] Површина според општинската прераспределба од 1976 г.[3]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.