Окрузи во Австрија
второстепена управна единица на Австрија / From Wikipedia, the free encyclopedia
Округот (германски: Bezirk) е второстепана управна единица во Австрија. Секој округ има своја окружна управа (Bezirksverwaltungsbehörde) задолжена за сите работи помеѓу граѓанинот и државата кои ја надминуваат надлежноста на општината како венчаници, возачки дозволи, пасоши, дозволи за собирање, ловечки дозволи, побарувања од здравствени служби итн.
Окрузи во Австрија Österreichische Bezirke | |
---|---|
Карта на окрузите во Австрија. Статутарните градови се со црвено. | |
Категорија | округ |
Место | Австрија |
Можни видови | окружни управи статутарни градови |
Подединици | општини (Gemeinde) |
Уставот на државата разликува два вида окружни управи:
- окружни одбори (Bezirkshauptmannschaften) — окружни управи како самостојни служби;
- статутарни градови (Städte mit eigenem Statut или Statutarstädte) — градови ополномоштени да делуваат како окрузи покрај нивната општинска улога; подолу означени со ѕвездичка (*).
Во 2020 г. во земјата имало 94 окрузи, од кои 79 под управа на окружни одбори и 15 статутарни градови.
Многу од окрузите ги опфаќаат имаат граници кои се совпаѓаат со оние на судските окрузи, кои ги има вкупно 115 (2022).[б 1]
Статутарните градови обично не се нарекуваат „окрузи“ вон државните изданија и правната литература. Постои навика вистинските окрузи под управа на одбори да се нарекуваат „селски окрузи“ (Landbezirke), иако ова нема правно значење бидејќи многу од нив немаат изразито селски карактер.