Односи меѓу ТМОРО И ВМК
From Wikipedia, the free encyclopedia
Односите меѓу Македонската револуционерна организација и Врховниот македонски комитет имале своевиден колорит и влијание врз севкупниот развој на ослободителното движење во Македонија [1]. По формирањето на Македонскиот комитет во Софија, МРО со внимание ја следел неговата активност, првенствено целта на Централниот комитет е да се побара морална и материјална помош од македонската емиграција во Бугарија. Од другата стран пак бил Македонскиот комитет кој сакал да се наметне како раководител на цело македонско револуционерно дело. Со текот на годините двете организаци целосно ги раскинуваат врските и започуваат меѓусебана вооружена војна, што се покажало како кобно за целото македонско дело.