список на статии на Викимедија From Wikipedia, the free encyclopedia
Ордените, медалите и Повелбата на Република Македонија ги врачува претседателот на државата, или друго лице кое е овластено од страна на претседателот. Законот за одликувања и признанија на Република Македонија е донесен на 27 јуни 2002 г. Според овој закон Република Македонија има пет ордени, две медалји и една Повелба на Република Македонија[1]. Во 2012 година е извршено дополнување на Законот и се додадени уште три медали, а во 2016 година уште еден орден, кои поради недонесување на Одлука за изгледот и материјалот од кој се изработуваат, истите сè уште не се во употреба.
Со осамостојувањето, прв обид за воведување одликувања во Република Македонија е со Законот за одликувањата и признанијата на Република Македонија од 12 септември 1995 година. Законот предвидувал 6 ордени, 4 медали и повелба и плакета.
Ордени според овој закон се:
1. Орден на Републиката – во еден степен.
2. Орден Илинден „1903-1944“- во еден степен.
3. Орден „Осми септември“ – во два степена: (1) со лента и (2) со ѓердан.
4. Орден за заслуги за Република Македонија – во три степени: (1) со златен венец, (2) со сребрен венец и (3) со бронзен венец.
5. Орден за воени заслуги – во три степени: (1) со златен штит, (2) со сребрен штит и (3) со бронзен штит.
6. Орден за храброст – во три степени: (1) со златни зраци, (2) со сребрени зраци и (3) со бронзени зраци.
Медали на Република Македонија се:
1. Медал за заслуги за Република Македонија
2. Медал за воени заслуги
3. Медал за храброст
4. Медал за храброст со дабов венец.
Предвидени се и повелба и плакета на Република Македонија.
Новиот Закон е донесен во 2002 година, но изгледот на ордените, медалите и повелбата на Република Македонија се донесени дури во 2005 година, кога се донесени соодветните Одлуки за изгледот и материјалот од кој се изработуваат ордените, медалите и повелбата на Република Македонија. На тоа му претходеа серија настани.
Претседателот Бранко Црвенковски на 18 октомври 2004 година ја назначи првата Комисија за одликувања и признанија, на чело со академик Цветан Грозданов и 12 члена. Веднаш потоа, во ноември 2004 година беше распишан конкурс за идејни решенија, на кој пристигнале 243 идејните решенија за одликувања. Комисијата за вреднување на идејните решенија, на која претседаваше академик Томе Серафимовски, направи избор за конечниот изглед на одликувањата. Во март 2005 година беше избран изведувач – ковачницата ГСГ Ексклузив од Скопје. Придружните елементи (кутии, мали и големи орденски ленти, указни повелби, тоболец, како и техники на изработка и материјали) се дело на Александар Цветковски и Роберт Митевски. Со целосното дефинирање на одликувањата и признанијата на Република Македонија, во организација на Кабинетот на претседателот на Републиката и Комисијата за одликувања од уметнички аспект, се одржа промоција на свечена церемонија во Кристалната сала на Собранието на Република Македонија, одржана на 22 април 2005 година.[2]
Законот од 2002 година ги предвидува следните одликувања:[3][4]
Со измени на законот 2012 се додадени три медали, но бидејќи не е донесена Одлука за описот, изгледот и материјалите од кои истите се изработуваат, истите не се во функција и не се доделуваат:
Во 2016 година е додаден орденот Мајка Тереза, кој правно гледано е државна награда, бидејќи него не го доделува претседателот, туку комисија, што е спротивно на самиот закон и Уставот. И за овој орден не е донесена Одлука за описот, изгледот и материјалите од кои се изработува, со што не е во функција и не се доделува:
На 1 август 2019 година Претседателот на Македонија Стево Пендаровски го именувал претседателот и членовите на Комисијата за одликувања и признанија на Претседателот.
Претседател на комисијата е проф. д-р Марјан Ѓуровски.
Членови на комисијата се:
На 23 декември 2022 година Претседателот на Македонија Стево Пендаровски го именувал претседателот и членовите на Комисијата за одликувања и признанија на Претседателот.
Претседател на комисијата е проф. д-р Марјан Ѓуровски.
Членови на комисијата се:
На 27 јуни 2014 година Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов го именува претседателот и членовите на Комисијата за одликувања и признанија на Претседателот на Република Македонија.
Претседател на комисијата е проф. д-р Биљана Ангелова.
Членови на комисијата се
На 6 ноември 2009 година Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов го именува претседателот и членовите на Комисијата за одликувања и признанија на Претседателот на Република Македонија.
Претседател на комисијата е академик Љупчо Коцарев.
Членови на комисијата се
На 18 октомври 2004 година, Претседателот на Република Македонија Бранко Црвенковски со Одлука ја формира Комисијата за одликување и признанија, која е составена од следниве членови:
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.