Ној
вид голема безлетна птица / From Wikipedia, the free encyclopedia
Ној или гајгур[3] (науч. Struthio camelus) — голема безлетна птица по потекло од Африка (а одамна од Средниот Исток). Тој е единствен преживеан примерок од неговата семејството на ноевите (Struthionidae) и родот ној (Struthio). Ноевите припаѓаат на редот ноевидните (Struthioniformes) заедно со ему, киви и други. Препознатлив е по појавата, долг врат и нозе, можност да трча и до 74 км/ч, најбрза птица на планетата. Е најголема птица и ги несе најголемите јајца.
![]() | Оваа статија можеби бара дополнително внимание за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме подобрете ја оваа статија ако можете. |
Ној Период: плеистоцен - денес | |
---|---|
![]() | |
Мажјак (лево) и женки | |
Научна класификација | |
Царство: | Животни |
Колено: | Хордови |
Потколено: | ’Рбетници |
Класа: | Птици |
Надред: | Старовилични |
Ред: | Ноевидни |
Семејство: | Ноеви |
Род: | Ној |
Вид: | Африкански ној |
Научен назив | |
Struthio camelus Linnaeus, 1758[2] | |
Подвидови | |
S. c. australus Gurney, 1868[2] | |
![]() | |
Распространетост |
Исхраната во главно се состои од растенија, но исто така јаде и инсекти. Живее во номадски групи кои се содржат од 5 до 50 птици. Кога е во опасност, или се крие лежејки на земјата или побегнува. Ако е доведен во ќоше тој може да повреди и да убие со неговите силни нозе. Парењето се одвива на различен начин во различни региони, но територијалните мажјаци се борат за харем од 2 до 7 женки.
Нојот го одгледуваат насекаде во светот, најмного заради пердувите, кои се декоративни и се користат за изработка на чистачи на прав. Кожата е користат за изработка на кожени производи, а месото се продава како храна (комерцијално).