Носечка ракета
From Wikipedia, the free encyclopedia
Носечка ракета или лансирно возило — ракета која се користи за носење на товар од Земјината површина до блиската орбита. Лансирниот систем ги вклучува лансирното возило, лансирната рампа, и останатата инфраструктура.[1] Иако товарот на ракетоносачите најчесто е вештачки сателит кој треба да се постави во орбита, некои вселенски летови се суборбитални, додека други им овозможуваат на вселенските возила да ја напуштат целосно Земјината орбита. Ракетоносачот кој се користи за суборбитален лет често се нарекува истражувачка ракета.
Земјините орбитални возила поседуваат најмалку два степена, а понекогаш 4 или повеќе.