![cover image](https://wikiwandv2-19431.kxcdn.com/_next/image?url=https://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/c/cb/Swiss_army_knife_open_20050612_%2528cropped%2529.jpg/640px-Swiss_army_knife_open_20050612_%2528cropped%2529.jpg&w=640&q=50)
Нож
From Wikipedia, the free encyclopedia
Нож (множина: ножеви) — рачно орудие со изострени рабови. Некои типови на ножеви се користат како прибор, како прибор за јадење се поставуваат на трпеза, или како кујнски прибор (пример: нож за сечење леб, отворач). Многу видови се користат како алатка, на пример нож кој го користат војниците, џебен нож кој го користат туристите и ловечки нож кој го користат ловците. Ножевите исто така се употребуваат и за традиционални и верски цели, како ножот кирпан, а може да се користат и за војна и спортска намена. Некои типови на ножеви се користат дури и во земјоделството, односно во собирањето на храна (пример, срп, коса), а се комбинираат и жетварски ножеви.
![Thumb image](http://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/c/cb/Swiss_army_knife_open_20050612_%28cropped%29.jpg/640px-Swiss_army_knife_open_20050612_%28cropped%29.jpg)
Ножевите се алатки кои се користеле најмалку пред два и пол милиони години, како што е потврдено со олдуванските алатки[1][2]. Првично се изработени од камен, коска и опсидијан, а со развојот на технологијата се произведувале од бронза, бакар, железо, челик, керамика и титан. Неколку култури имаат измислено нивни верзии на ножеви. Поради својата улога како прва алатка на човештвото, некои култури имаат додадено и духовно и религиозно значење на ножот[3].
Повеќето денешни модели на ножеви го следат стилот на фиксно сечило и на преклоп, а моделот и стилот на изработка варираат во зависност од произведувачот и земји на потекло.