![cover image](https://wikiwandv2-19431.kxcdn.com/_next/image?url=https://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/3/3e/Flag_of_New_Zealand.svg/langmk-640px-Flag_of_New_Zealand.svg.png&w=640&q=50)
Нов Зеланд на Олимписките игри
From Wikipedia, the free encyclopedia
Нов Зеланд учествува првпат на Олимписките игри со натпреварувачот Виктор Линдберг, кој се натпреварувал за Озборновиот пливачки клуб на Велика Британија која го освоила медалот во Ватерполо во 1900 година. Официјално Нов Зеланд има испратено натпреварувачи да се натпреваруваат на сите Летни олимписки игри од 1908 година. На првите игри во, 1908 и 1912 година, Нов Зеланд се натпреварувал заедно со Австралија во заедничка екипа позната како Австралазија. Нов Зеланд за првпат испратиле независно своја екипа на игрите во 1920.
Нов Зеланд на Олимписките игри | ||||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
| ||||||||||||
Олимписка историја | ||||||||||||
Летни олимпијади | ||||||||||||
*заедно со Австралија како Австралазија |
||||||||||||
Зимски олимпијади | ||||||||||||
|
![Thumb image](http://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/d/db/1932_NZ_Summer_Olympics_rowing_team.jpg/320px-1932_NZ_Summer_Olympics_rowing_team.jpg)
Учеството на Нов Зеланд на игрите во 1976 било спорно, и довело до бојкот на игрите од страна на африканските земји, кои протестирале поротив апартхејдот на Јужна Африка.
Нов Зеланд исто така има учествувано на повеќето Зимски олимписки игри од 1952 година, неучествувајќи само на игрите во 1956 и 1964 година. На игрите во 1988 година екипата имала и бобсанкачи, прво натпреварување во зимски спорт кој не бил алпско скијање.
Новозеланѓанските спортисти освоиле вкупно 103 медали на Летните олимписки игри. Најуспешни биле во атлетика со вкупно 21 медал од кои 10 златни, па следи веслањето, исто така со вкупно 21 медал од кои 9 биле златни медали. Нов Зеланд има освоено само еден медал на Зимските олимписки игри, сребремниот медал на Анелис Кобергер во 1992 година и воедно бил еднствениот медал кој бил освоен од која било држава учесник од јужната полутопка.
Освоените 100 медеали од страна на Нов Зеланд го сместува Нов Зеланд на 32 место и на 27 место поред видот на медали.