Нитрилна гума
From Wikipedia, the free encyclopedia
Нитрилната гума, позната и како нитрилна бутадиенска гума, NBR, Buna-N и акрилонитрилна бутадиенска гума, е синтетичка гума добиена од акрилонитрил (ACN) и бутадиен.[1] Трговските имиња на ова соединенија се Perbunan, Nipol, Krynac и Europrene. Нитрилната е невообичаена по тоа што е отпорна на масло, гориво и други хемикалии.
NBR се користи во автомобилската и аеронаутичката индустрија за производство на црева за ракување со гориво и масло и самозапечатувачки резервоари за гориво.[2] Се користи во јадрената индустрија за производство на заштитни ракавици. NBR е стабилна на температури од −40 to 108 °C (−40 to 226 °F) и тоа ја прави идеален материјал за аеронаутички апликации. Нитрил бутадиен исто така се користи за производство на производи кои се добиваат во калапи, обувки, лепила, заптивки, сунѓери, проширени пени и патосници.
Се користи како материјал за еднократна употреба за лабораториски ракавици, чистење и испитување. Нитрилната гума е поотпорна од природната гума на масла и киселини и има супериорна цврстина, но има помала флексибилност.