Нивичани
село во Општина Кочани From Wikipedia, the free encyclopedia
село во Општина Кочани From Wikipedia, the free encyclopedia
Нивичани — село во Општина Кочани.
Нивичани | |
Координати 41°57′19″N 22°20′14″E | |
Општина | Кочани |
Население | 233 жит. (поп. 2021)[1] |
Пошт. бр. | 2300 |
Шифра на КО | 13025 |
Надм. вис. | 682 м м |
Нивичани на општинската карта Атарот на Нивичани во рамките на општината | |
Нивичани на Ризницата |
Подрачјето на Нивичани е населено уште од неолитот, за што сведочи наоѓалиштето Дамјаница на 3 км југоисточно од селото. Покрај тоа, целиот атар изобилува со остатоци од градби од доцната антика.
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 400 Македонци.[2]
Во 2002 година во селото живееле 343 жители.
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 233 жители, од кои 217 Македонци, 2 Албанци и 14 лица без податоци.[3]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 460 | 498 | 552 | 624 | 625 | 575 | 433 | 382 | 364 | 343 | 233 |
Нивичани е македонско село.
Родови во селото се: Орашци (7 к.) најстар род во селото, можеби се староседелци; Ралевци (10 к.) и Терзици (8 к.) порано биле еден род, доселени се од некое село во Скопско, го знаат следното родословие: Стојко (жив на 56 г. крајот на 50-тите) Атанас-Јосиф-Трајчо, се доселил неговиот дедо; Парастаци (11 к.) потеклото им е од Саса кај Македонска Каменица; Огњановци (5 к.), Деповци (4 к.), Џирговци (2 к.) и Миленковци (1 к.) за нивното место на старина не се знае, родовите Деповци и Миленковци порано имале многу повеќе куќи, но се расипале; Прдлевци (5 к.) доселени се од некое село крај Вардар, затоа порано ги викале Вардарци, го знаат следното родословие: Тодор (жив на 41 г. крајот на 1950-тите) Спиро-Стојмен-Сребрен-Велко, кој се доселил; Шоповци (4 к.) доселени се од селото Пашаџиково во 1910 година.[8]
Во селото постои избирачкото место бр. 870 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[9]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 248 гласачи.[10]
Од ова село највеќе иселеници има во Кочани. Таму се иселиле преку 20 семејства. Некои се иселени во Кочани уште од 1905 година.
До 1959 година 3 семејства се иселиле во Скопје, а 2 семејства се иселиле во Белград.
Иселеници исто така има и во некои пониски кочански села, како Долни Подлог (Митеви и Доневи), Бања (Парастаци). Во Мојанци е иселено 1 семејство. А исто така и во Облешево.[8]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.