Неустрија
From Wikipedia, the free encyclopedia
Неустрија (/ˈnuːstriə, ˈnjuː-/) или Неустразија (што значи "нова [западна] земја"[1], за разлика од Австразија) се наоѓала во западниот дел на царството на Франките, создадена во 511 година, кога по смртта на Хлодовик меровиншкото кралство било поделено на неговите четири сина[2].
Неустрија била составена од региони помеѓу Аквитанија и Ламанш, околу северниот дел на денешна Франција, со Париз и Соасон како нејзини главни градови[3]. Подоцна се однесувала на областа помеѓу реките Сена и Лоара, позната како кралство на Неустрија (латински назив: regnum Neustriae), како поткралство на каролиншката империја а потоа и како Западна Франкија. Каролиншките кралевите воедно ја основале и Неустриската марка која била гранично војводство против Бретонците и Викинзите која траела до Капетинската монархија на крајот на 10 век, кога терминот исчезнал како европски политички или географски поим.