Нерези (Струшко)
село во Општина Струга From Wikipedia, the free encyclopedia
село во Општина Струга From Wikipedia, the free encyclopedia
Нерези — село во областа Дримкол, во Општина Струга, на патот помеѓу градовите Струга и Дебар.
Нерези | |
Поглед на селото Нерези | |
Координати 41°20′22″N 20°36′11″E | |
Регион | Југозападен |
Општина | Струга |
Област | Дримкол |
Население | 106 жит. (поп. 2021)[1] |
Пошт. бр. | 6337 |
Повик. бр. | 046 |
Шифра на КО | 26036 |
Надм. вис. | 720-900 м |
Нерези на општинската карта Атарот на Нерези во рамките на општината | |
Нерези на Ризницата |
Името на селото првпат е споменато како „Нерес“ во 1583 година. Името потекнува од множинската форма од „нерез“, што означува нережено лозје.[2]
Селото се наоѓа во областа Дримкол, во северозападниот дел на територијата на Општина Струга, во западниот дел на Струшкото Поле.[3] Селото е ридско, чии куќи се издигаат на надморска височина од 720 до 900 метри. Од градот Струга е оддалечено 26 километри.[3]
Во XIX век, Нерези било село во рамките на Дебарската Каза на Отоманското Царство.
Атарот зафаќа простор од 7,3 км2. На него преовладуваат шумите на површина од 393 хектари, на пасиштата отпаѓаат 147 хектари, а на обработливото земјиште 146 хектари.[3]
Селото, во основа, има полјоделска функција.[3]
Населението на Нерези се најмногу се занимава со сточарство поради самата конфигурација на теренот. Исто така, во помала мерка е застапено полјоделството, а се одгледува и познатиот домат „воловско срце“, кој е многу застапен во струшкиот регион.
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според податоците од 1873 година, селото имало 40 домаќинства и 123 жители мажи.[4]
Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Нерези имало 500 жители.[5] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Нерези имало 368 жители.[6]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 400 Македонци.[7]
Населението во Нерези двојно се намалило и селото преминало од средно во мало село. Така, во 1961 година селото броело 598 жители, а во 1994 година имало 232 жители, македонско население.[3]
Според пописот од 2002 година, во селото Нерези живееле 213 жители, од кои 212 Македонци и 1 Србин.[8]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 106 жители, од кои 99 Македонци и 7 лица без податоци.[9]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 500 | 368 | 442 | 522 | 598 | 539 | 411 | 256 | 232 | 213 | 106 |
Нерези е македонско православно село.
Родови во селото се:[14]
Селото влегува во рамките на Општина Струга, која била проширена по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото било дел од некогашната Општина Луково.
Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Струга. Селото припаѓало на некогашната општина Струга во периодот од 1957 до 1965 година, додека во периодот 1955-1957 селото било дел од тогашната општина Луково.
Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Општина Дримкол, во која покрај селото Нерези, се наоѓале и селата Безово, Јабланица, Лакаица, Луково и Пискупштина. Во периодот 1950-1952 година, селото Нерези било седиште на некогашната општина Нерези, во која влегувале селата Луково, Нерези и Пискупштина.
Во селото се наоѓа избирачкото место бр. 1888, кое според Државната изборна комисија е сместено во основното училиште.[16]
На локалните избори во 2017 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 209 гласачи.[17] На референдумот во 2018 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 195 гласачи.[18]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.