From Wikipedia, the free encyclopedia
Небесен екватор — голема кружница на замислената небесна сфера која лежи на иста рамнина со Земјиниот екватор. Со други зборови, ова е проекција на земскот екватор во вселената. Поради Земјиниот осен наклон, небесниот екватор е наклонет 23,4°[1] во однос на еклиптичката рамнина.
Ако стоиме на земскиот екватор, небесниот екватор можеме да го замислиме како полукруг што минува низ зенитот веднаш над нас. Ако се придвижиме северно (или јужно), небесниот екватор ќе се наклони кон јужниот (или северниот) хоризонт. Небесниот екватор е бескрајно далечен (бидејќи е наоѓа на небесната сфера); затоа краевите на полукругот секогаш завршуваат точно на исток и точно на запад, без оглед натоа каде се наоѓаме на Земјата. (Но на половите небесниот екватор е паралелен на хоризонтот.) Небесниот екватор изгледа совршено прав на секоја географска ширина бидејќи набљудувачот е конечно оддалечен од рамнината на небесниот екватор, но бесконечно оддалечен од самиот небесен екватор.
Астрономските тела близу небесниот екватор се гледаат од секое место во светот, но кулминираат на небото во тропските предели.
Небесниот екватор минува низ следниве соѕвездија:
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.