Наставка
From Wikipedia, the free encyclopedia
Во лингвистиката наставка или суфикс (понекогаш нарекуван постфикс или завршеток) е афикс кој е сместен веднаш после коренот на зборот. Чести примери се завршетоците кои покажуваат граматички падеж кај именките или придавките и глаголските завршетоци што ја формираат конјугацијата на глаголите. Особено во студијата на семитските јазици, наставката се нарекува аформатив бидејќи може да ја промени формата на зборовите на кои се додава. Во индоевропските изучувања е направена разлика помеѓу суфикс и завршеток (види Proto-Indo-European root). Наставките можат да носат граматички информации и тоа се флективни наставки или лексички информации кога се работи за деривациски наставки. Еве некои примери од англискиот јазик: - girls (девојки), каде што наставката -s обележува множина; - He makes (Тој прави), каде што наставката -s обележува трето лице еднина во сегашно време; - It closed (Затвори), каде што наставката -ed обележува минато време. Многу синтетички јазици: чешки, германски, фински, латински, унгарски, руски, турски, итн. употребуваат огромен број на завршетоци. Наставките што се употребуваат во англискиот јазик често имаат француско, латинско или грчко потекло.
Оваа статија можеби бара дополнително внимание за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме подобрете ја оваа статија ако можете. |
Оваа статија или заглавие има потреба од викифицирање за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме помогнете во подобрувањето на оваа статија со соодветни внатрешни врски. |