From Wikipedia, the free encyclopedia
Наргиле (фарси: قلیان урду: حقّہ ); или шиша - инструмент кој се користи за пушење ароматизиран тутун, при што чадот минува низ база исполнета со вода, која најчесто е од стакло.[1][2][3]
Што се однесува до влијанието врз здравјето, пушењето преку наргиле го изложува организмот на отровни хемикалии кои не ги филтрира водата, а постои и ризик од инфективни болести кога наргилето се користи истовремено со други лица.[4] Постојат две теории за тоа кога и како настанало наргилето. Едната теорија вели дека наргилето го измислил Ирфан Шаик од Могулското Царство,[5][6] а другата дека постои од времето на Сефевидската династија од Персија,[7][8][9] од каде употребата на наргиле се проширила во Јужна Азија.[10][11] и дека оттаму потоа употребата на наргиле се проширила на исток, во Индија. Наргилето брзо стигнало во Египет каде за кусо време станало популарно, а подоцна, таму е усовршен механизмот на наргилето.
Наргилето е популарен инструмент за пушење во многу земји каде има мигранти од Левант.[12]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.