Секунда
From Wikipedia, the free encyclopedia
Секунда (латински: secunda: друга; симбол s, с) — единица за време и една од седумте основни единици во SI.[1][2] Се дефинира како траење од 9.192.631.770 периоди на зрачење што одговара на преминот меѓу две хиперфини нивоа на основната состојба на атомот на цезиум 133 на нула Келвинови степени.[1][3] Дефиницијата е усвоена на „13. Општа конференција за мерки и тегови“ во 1967 година. Називот потекнува од поделбата на саатот и степените на помали делови (лат. pars minuta secunda: втор помал дел).[4]
секунда | |
---|---|
Саат со клатно (механички саат) кој се занишува на една секунда | |
Информации за мерката | |
Мерен систем | Основни SI-единици |
Единица за | време |
Ознака | s |
Во споредба со поголемите мерни единици за мерење на времето:
- 1 минута = 60 s
- 1 саат = 3 600 s
- 1 ден = 86 400 s (заради ускладување со реалната Земјина ротација во некои денови се уфрла престапна секунда, така што сите календарски денови не траат 86 400 секунди).
- 1 јулијанска година = 365,25 дена = 31 557 600 s
За мерење на временски интервали пократки од секунда се користат помали мерни единици: милисекунда (ms), микросекунда (μs), наносекунда (ns) итн. чиј износ је одреден со претставка пред основната единица секунда.
Своевремено секундата била дефинирана како 86 400-ти дел од средниот Сончев ден, а потоа како одреден дел од тропска година.[5]