Мјечислав Малецки
From Wikipedia, the free encyclopedia
Мјечислав Малецки (14 јули 1903 – 3 септември 1946) бил полски лингвист, славист, балканист, дијалектолог, истражувач на јужнословенските дијалекти, прв полски македонист. Во триесеттите години на 20 век водел интензивни истажувања во Егејскиот дел на Македонија. Резултат на неговите истражувања се неколку расправи и две книшки: текстови од Сухо и Висока во Солунско (Краков, 1934) и речник на тие два говора (Краков, 1936). Малецки дава оцена на трудовите на другите автори од областа на македонската дијалектологија и констатира дека македонските дијалекти претставуваат поединечен дијалектен тип што може да се нарече македонски јазик:
Затоа, во однос на прашањето дали македонските дијалекти се српски или бугарски, би одговорил дека тие не се во целост ниту српски, ниту бугарски, но дека повеќето од нив припаѓаат на поединечен дијалект (што може да се нарече македонски јазик)...
— Mieczysław Małecki, Z zagadnień dialektologii macedońskiej (1938)[1]