From Wikipedia, the free encyclopedia
Московски државен универзитет „М. В. Ломоносов“ (руски: Московский государственный университет имени М. В. Ломоносова) — најголемиот и најстариот универзитет во Москва, Русија. Универзитетот бил основан во 1755 година. Според податоците од 2004 година, универзитетот има 4.000 вработени, а на истиот студираат околу 31.000 студенти и со околу 7.000 постдипломци[1]. Моментален ректор на универзитетот е професорот по математика Виктор Антонович Садовничи.
Московский государственный университет имени М. В. Ломоносова | |
Вид | Dr\aven univerzitet |
---|---|
Основан | 1755 |
Ректор | Виктор Антонович Садовничи |
Административен кадар | 15.000 |
Студенти | 47.000 |
Додипломци | 40.000 |
Постдипломци | 7.000 |
Место | Москва, Русија |
Припадност | UNICA IFPU |
http://www.msu.ru/ |
Универзитетот бил основан по иницијатива на Иван Иванович Шувалов и Михаил Василевич Ломоносов, по наредба на руската царица Елисавета на 25 јануари 1755 година. Првите предавања биле одржани на 27 април. Денот 27 јануари се прославува како ден на студентите во Русија.
Во почетокот, објектот бил изграден на Црвениот плоштад. Универзитетот бил префрлен на денешното место во времето на Екатерина Велика, а објектот бил изработен во неокласичен стил. Во текот на XVIII век универзитетот бил поделен на три дела; филозофија, медицина и право. Со текот на годините, универзитетот постојано се проширувал.
Во 1905 година во универзитетот била основана социјал-демократска организација, која позивала за свалување на императорот од престолот, Но, царската влада започнала постепено да го затвора универзитетот. Во 1911 година, во знак на протест поради малтретирање, 130 научници и професори масовно дале оставка. По ова, голем број на студенти биле испадени од следење на наставата. По Октомвриската револуција во 1917 година, универзитетот бил отворен за целиот народ, односно не само за аристократските семејства и деца, туку и за селските.
Во 1940 година името на универзитетот било променето во чест на неговиот основач Михаил Василевич Ломоносов. Во текот на 1991 година биле основани уште девет отсека. Веќе во 1992 година универзитетот започнал да се финансира директно од буџетот на земјата.
Објектот во кој се наоѓа денеска универзитетот бил изграден во периодот од 1949 до 1953 година. Комплексот, кој опфаќа 42 хектари претставува градба од триесет спратови. Вкупната висина на главната зграда изнесува 240 метри.
Универзитетот располага со 210 кабинети, 163 различни училници, 250 лаборатории, 4 астрономски опсерватории, библиотека, музеј, студентски дом, студентски клубови и игралишта.
Според податоци од 2005 година, универзитетот има 29 факултети и 15 истражувачки центри.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.