Московска театарска заложничка криза
From Wikipedia, the free encyclopedia
Московска театарска заложничка криза | |
---|---|
Место | Москва, Русија |
Датум | 23 октомври – 26 октомври 2002 |
Цел | Театар Дубровка |
Вид напад | земање заложници, закани за погубување и одговор од страна на руската влада |
Мртви | Околу 170 (129 заложници) |
Повредени | околу 700 |
Сторители | SPIR, Ријадус-Салихин, IIPB Мовсар Барајев(d) (водач) Абу Бакр (заменик) Шамил Басаев (одговорен за акцијата) |
Московската театарска заложничка криза се случила на 23 октомври 2002 година кога околу 50 вооружени чеченски терористи на чело со Мовсар Барајев упаднале во московскиот театар Дубровка и како заложници зеле околу 850 луѓе. Како главен предуслов за ослободување на заложниците било повлекување на руските војски од Чеченија, и крај на Втората чеченска војна.
Заложничката драма траела до 26 октомври кога руските специјални служби спровеле акција за елиминација на терористите. Како резултат на акцијата биле ликвидирани сите терористи. 39 од напаѓачите биле убиени од страна на руските сили, заедно со најмалку 129 од заложниците (вклучувајќи девет странци). Сите, освен неколку од заложниците, кои починале за време на опсадата биле убиени од страна на токсична супстанција која била испуштена во театрот.[1][2] Употребата на гасот било широко осудено од страна на јавноста, но Москва на тоа одговорила дека постоел многу мал простор за правење на маневри бидејќи руските сили биле соочени со вооружени бунтовници кои биле подготвени да се убијат себеси заедно со заложниците.[3].