Мороишта
село во Општина Струга From Wikipedia, the free encyclopedia
село во Општина Струга From Wikipedia, the free encyclopedia
Мороишта — село во Општина Струга, во околината на градот Струга.
Мороишта | |
Координати 41°12′10″N 20°42′59″E | |
Општина | Струга |
Население | 881 жит. (поп. 2021)[1] |
Шифра на КО | 26035 |
Надм. вис. | 686 м |
Мороишта на општинската карта Атарот на Мороишта во рамките на општината | |
Мороишта на Ризницата |
Селото се наоѓа во Струшкото Поле, оддалечено само 3 километри северно од Струга.
Селото првпат се споменува во 1345 година во грамота на српскиот цар Стефан Душан како Моровиштех.
Во XIX век селото било дел од Охридската каза на Отоманското Царство.
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Мороишта живееле 250 жители, сите Македонци.[2] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, во 1905 година во Мороишта имало 224 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[3]
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Мороишта е претставено како чисто македонско село во Охридската каза на Битолскиот санџак со 25 куќи.[4]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 350 Македонци.[5]
Според пописот на населението на Македонија од 2002 година, селото има 909 жители, од кои 903 Македонци, 2 Власи и 4 Срби.[6]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живеел 881 жител, од кои 807 Македонци, 1 Албанец, 2 Власи, 2 Срби и 69 лица без податоци.[7]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 250 | 224 | 506 | 555 | 681 | 799 | 838 | 964 | 909 | 909 | 881 |
Мороишта е македонско православно село, сите родови во селото се доселенички, во селото има постари доселенички родови, и понови.
Постари доселенички родови се: Иљовци (30 к.) се делат на Јановци, Клечкаровци и Лазаревци. Доселени се од селото Љубаништа, го знаат следното родословие: Климе (жив на 70 г. во 1980 година) Наум-Ристе-Јон-Иљо кој се доселил; Матлиовци (30 к.), доселени се после родот Иљовци, доселени се од некое село во областа Мат во Албанија; Малевци (10 к.) доселени се од некое село во Малесија; Бунчевци (4 к.), доселени се од соседното село Мислешево; Павлевци (8 к.) доселени се од соседното село Биџево; Прежевци или Анѓелевци (6 к.) потекнуваат од домазет кој дошол од селото Горенци; Араповци или Костевци (3 к.) имаат исто потекло како и Павлевци; Карамачовци (16 к.), Даљчевци (5 к.), Маџаровци (3 к.) и Ѓоршулевци (8 к.) доселеници се со непозната старина. Родот Маџаровци е најстар во селото.
Помлади доселеници: Брчевци (8 к.), Ташморуништанци (5 к.), Нережанци (5 к.), Модричанци (4 к.), Локовчанци (2 к.) и Пискупштинци (2 к.) ги носат имињата на селата од кои се доселени, тоа се Брчево, Ташмаруништа, Нерези, Модрич, Локов и Пискупштина.[12]
Според истражувањата пак на Бранислав Русиќ од крајот на 1940-тите, родови во селото биле:
Манастир Свети Спас во Мороишта - осветен во 1997 година. Се наоѓа покрај реката Сатеска и е сместен помеѓу столетни дрвја. Еден од најубавите во струшката котлина.
Секоја година во чест на празникот Вознесение Христово (Спасовден), во дворот на манастирот Свети Спас се организира вечерна забава со некој од македонските естрадни уметници.
Од родовите поединечно се знае за следните иселеници до крајот на 1940-тите:
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.