From Wikipedia, the free encyclopedia
Модра ветрушка (науч. Falco vespertinus) — птица-грабливка. Припаѓа во редот на соколовидните птици од семејството соколи. Оваа птица се сретнува во источна Европа и Азија, но станува сè поретка поради недостаток на живеалишта и ловот. Оваа птица ја има и во Македонија.
Модра ветрушка | |
---|---|
Мажјак (десно), женка (лево), младенче (одзади, лево) | |
Научна класификација | |
Царство: | Животни |
Колено: | Хордати |
Класа: | Птици |
Ред: | Соколовидни |
Семејство: | Соколи |
Род: | Сокол |
Вид: | Модра ветрушка |
Научен назив | |
Falco vespertinus Linnaeus, 1766 | |
Синоними | |
Falco vespertinus vespertinus Linnaeus, 1766 |
Ова е птица со средна големина. Машкото е сивкастосино, освен нозете и делот под опашката кои се црвени. Женката има сив грб и крилја, портокалова глава и стомак, и бело лице со црни ленти кај очите. Младите се кафеави одозгора, а светложолти одоздола со темни ленти, и лице како кај женката. Модрата ветрушка е долга од 28 до 34 см со распон на крилја од 65 до 75 см.
Оваа птица се храни со поголеми инсекти, но исто така и со помали цицачи и птици. Модрата ветрушка се размножува во колонии, и употребува едно гнездо повеќепати. Снесува од 2-4 јајца. Животниот век ѝ е од 13 до 25 години во дивината, и околу 18 во заробеништво.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.