From Wikipedia, the free encyclopedia
Митра е ангелско божество од зороастризмот (јазата). Го сметале за божество на договорите, но исто така бил и судија, заштитник на „вистината“ (аша), заштитник на стоката, жетвата и на водите.
Римјаните својата таинствена религија митраизам ја засновале врз персиски и извори кои доаѓале од зорастризмот, а се однесувале на Митра.
Именката митра исто како и ведската именка „митра“доаѓаат од праиндоиранската именка митра, од основата ми-, со значење „да се поврзе“, и наставката -тра-, „предизвикување“. Според тоа, значењето на митра е „она што предизвикува поврзување“.
Како и повеќето божества, Митра не е споменат по име во најстарите текстови на зороастризмот, Гати, кои делумно се посветени лично на Заратустра, ниту во Јасна. Како дел од тријадата божества, Митра е почитувана фигура. Заедно со Рашну (правда) и Сраоша (послушност), Митра е еден од тројцата судии на Мостот Чинват, „мостот на судот“, кој сите души треба да го минат.
Химната посветена на Митра (Јашт 10) е најдолгата од сите зачувани текстови Јашт. Во текстовите Авеста, опишан е како „Митра од широките пасишта, кој има илјада уши и миријада очи“, (Јасна 1:3),[1] „благороден и вечен владетел на провинцијата“, (Јасна 1:11),[1] „Јазад (божество) на кажаното име“,(Јасна 3:5),[1] и „светиот“, (Јасна 3:13).[1]
„Митра“ на Ризницата ? |
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.