Мис Елен Стон
From Wikipedia, the free encyclopedia
Елен Марија Стон (англиски: Ellen Maria Stone; 24 јули 1846 - 13 декември 1927), попозната како Мис Стон — американска протестантска мисионерка која патувала низ Македонија со придружба од петнаесетина луѓе во 1901 година. Била киднапирана од четириесетина комити од четата на Јане Сандански на 3 септември 1901 година помеѓу Разлог и Горна Џумаја, во месноста Предел (Пиринска Македонија).
Елен Марија Стон | ||
Родена | 24 јули 1846 Роксбери, Масачусетс, САД | |
---|---|---|
Починала | 13 декември 1927(1927-12-13) (возр. 81) Челси, Масачусетс, САД |
Странски пропаганди во Македонија |
---|
Комитите ги ослободиле луѓето од придружбата, а ги заробиле само неа и нејзината придружничка Катерина Цилка. Тие шест месеци биле задржани од комитите и криени од Турците на Малешевските Планини и на Пирин Планина, во Пиринска Македонија. Биле ослободени на 23 февруари 1902 година за откуп од 14.500 турски лири во злато, со кои македонските револуционери купиле оружје.[1] Мис Стон била задоволна од односот на комитите и народот кон неа, па подоцна за тоа кажувала и во интервјуа за американските весници. Дури напишала и книга, но пред печатењето целиот материјал изгорел во пожар во американскиот град Челзи, во која таа живеела, а таму и починала во 1927 година.
Катерина Цилка била бремена во моментот на киднапирањето и се породила, според некои извори, во Ратево, беровско, во текот на заробеништвото. Неколку години по ослободувањето од заложништво, Катерина Цилка со писмо од САД ѝ се заблагодарила на бабицата баба Миропа од Ратево за успешното породување што го имала во многу тешки услови.[2]
Еден од првите македонски играни филмови, Мис Стон (1958) е снимен токму според оваа приказна.