вид променлива ѕвезда From Wikipedia, the free encyclopedia
Мирида — класа на пулсирачки ѕвезди кои се одликуваат со мошне црвени бои, периоди на пулсирање од преку 100 дена, замав поголем од една величина во инфрацрвениот појас и 2,5 величини во видливиот појас. Наречени се по нивната прототипна ѕвезда — Мира (Омикрон Кит, ο Cet). Претставуваат црвени џинови во многу доцна етапа од нивниот развој, на асимптотската гранка на џинови (АГЏ), кои ги исфрлаат нивните надворешни обвивки како планетарни маглни и стануваат бели џуџиња во рок од неколку милиони години.
Овие ѕвезди се доволно масивни за да имаат претрпено хелиумскo соединување во нивните јадра, но имаат помалку од две сончеви маси[1] — ѕвезди кои веќе имаат изгубено половина од првичната маса. Меѓутоа, тие можат да бидат илјадници пати посјајни од Сонцето поради тоа што поседуваат многу големи надуени обвивки. Исто така, тие пулсираат, бидејќи сета ѕвезда се шири и се собира. Ова прави промена во температурата и величината, што пак предизвикува промени во сјајноста. Пулсирањето зависи од масата и полупречникот на ѕвездата, и постои добро уврдена врска помеѓу периодот и сјајноста (како и бојата).[2][3] Многу големите видливи замави не се должат на големи промени во сјајноста, туку поради префрлање на излезната енергија помеѓу инфрацрвена и видлива бранова должина кога тие ја менуваат температурата при пулсирањето.[4]
Првичните моделирања на миридите се потпирале на претпоставката дека ѕвездата останува сферно симетрична во текот на овој процес (претежно за да се упрости сметачкото моделирање наместо од физички причини). Во поново време е спроведен попис на миридите, каде е најдено дека 75 % од оние видени со телескопот IOTA немале сферна симетрија,[5] што доследно одговара на претходните слики од поединечни мириди.[6][7][8] Затоа, денес се претпочита реалистично тридимензионално моделирање на миридите со помош на суперсметачи.[9]
Миридите можат да бидат богати со кислород или со јаглерод. Јеглеродно богатите ѕвезди како R Зајак произлегуваат од потесен збир услови кои се наметнуваат брз вообичаеното тежнеење на АГЏ-ѕвездите да чуваат вишок кислород врз јаглеродот поради зацрпувања.[10] Пулсирачките АГЏ-ѕвезди како миридите претрпуваат соединување во наизменични водородни и хелиумски обвивки, што повремено дава длабока deep конвекција позната како зацрпувања. Овие зацрпувања го носат јаглеродот од хелиумскосогорувачката обвивка на површината и миридата би ја направиле јаглеродна ѕвезда. Меѓутоа, кај ѕвездите со преку 4 M☉ се јавува врело согорување на дното. Ова се јавува кога подолните подрачја на конвективниот појас се доволно врели за да се случи значително соединување во јаглеродно-азотно-кислороден циклус, што уништува голем дел од јаглеродот пред тој да има прилика да дојде до површината. Овие помасивни АГЏ-ѕвезди не стануваат јаглеродно богати.[11]
Миридите брзо ја губат масата и овој материјал честопати образува плашт од прашина кој ја обиколува ѕвездата. Во извесни случаи се јавуваат погодни услови за создавање на природни мазери.[12]
Мал дел од миридите го менуваат периодот со текот на времето: тој се зголемува и намалува во голема мера (до трети степен) со текот на неколку децении до неколку века. Се смета дека ова се должи на топлински пулсирања, каде хелиумската обвивка повторно ја зажарува надворешната водородна обвивка, менувајќи го составот на ѕвездата, што се одразува врз периодот. Овој процес се смета дека се случува кај сите мириди, но релативната краткотрајност на топлинските пулсирања (највеќе до неколку илјади години) во текот на нејзиниот животен век на АГЏ (помалку од милион години), значи дека појавата ја гледаме само кај неколку од повеќеилјадните познати мириди (можеби во R Водна Змија).[13] Највеќето мириди покажуваат мали промени во периодот од еден до друг циклус, веројатно предизвикани од нелинеарно поведение во ѕвездената обвивка, меѓу кои се отстапувањата од сферната геометрија.[14][15]
Миридите се популарни кај аматерски астрономи кои се занимаваат со набљудување на променливи ѕвезди поради значителните промени во сјајноста. Некои Мириди (како самата Мира) доследно се набљудуваат веќе подолго од сто години.[16]
Следи список на избрани мириди. Освен ако не е поинаку укажано, дадените величини се во V-појас, а растојанијата се од ѕвездениот каталог „Гаја DR2“.[17]
Ѕвезда |
Најголема величина |
Најмала величина |
Период (денови) |
Оддалеченост (парсеци) |
Навод |
---|---|---|---|---|---|
Мира | 2,0 | 10,1 | 332 | 92+12 9[18] |
|
Хи Лебед | 3,3 | 14,2 | 408 | 180+45 30 |
|
R Водна Змија | 3,5 | 10,9 | 380 | 224+56 37 |
|
R Кобилица | 3,9 | 10,5 | 307 | 387+81 57 |
|
R Лав | 4,4 | 11,3 | 310 | 71+5 4 |
|
S Кобилица | 4,5 | 9,9 | 149 | 497+22 20 |
|
R Касиопеја | 4,7 | 13,5 | 430 | 187+9 8 |
|
R Часовник | 4,7 | 14,3 | 408 | 313+40 32 |
|
R Златна Рипка | 4,8 | 6,3 | 172 | 55 ± 3[18] | |
U Орион | 4,8 | 13,0 | 377 | 216+19 16 |
|
RR Скорпија | 5,0 | 12,4 | 281 | 277+18 16 |
|
R Змија | 5,2 | 14,4 | 356 | 285+26 22 |
|
T Кефеј | 5,2 | 11,3 | 388 | 176+13 12 |
|
R Водолија | 5,2 | 12,4 | 387 | 320+31 26 |
|
R Кентаур | 5,3 | 11,8 | 502 | 385+159 87[18] |
|
RR Стрелец | 5,4 | 14 | 336 | 386+48 38 |
|
R Триаголник | 5,4 | 12,6 | 267 | 933+353 201 |
|
S Вајар | 5,5 | 13,6 | 367 | 1.078+1.137 366 |
|
R Орел | 5,5 | 12,0 | 271 | 238+27 22 |
|
R Зајак | 5,5 | 11,7 | 445 | 419+15 14 |
|
W Водна Змија | 5,6 | 9,6 | 390 | 164+25 19 |
|
R Андромеда | 5,8 | 15,2 | 409 | 242+30 24 |
|
S Северна Круна | 5,8 | 14,1 | 360 | 431+60 47 |
|
U Лебед | 5,9 | 12,1 | 463 | 767+34 31 |
|
X Змијоносец | 5,9 | 8,6 | 338 | 215+15 13 |
|
RS Скорпија | 6,0 | 13,0 | 319 | 709+306 164 |
|
RT Стрелец | 6,0 | 14,1 | 306 | 575+48 41 |
|
RU Стрелец | 6,0 | 13,8 | 240 | 1.592+1.009 445 |
|
RT Лебед | 6,0 | 13,1 | 190 | 888+47 43 |
|
R Близнаци | 6,0 | 14,0 | 370 | 1.514+1.055 441 |
|
S Жерав | 6,0 | 15,0 | 402 | 671+109 82 |
|
V Еднорог | 6,0 | 13,9 | 341 | 426+50 41 |
|
R Рак | 6,1 | 11,9 | 357 | 226+32 25 |
|
R Девица | 6,1 | 12,1 | 146 | 530+28 25 |
|
R Лебед | 6,1 | 14,4 | 426 | 674+47 41 |
|
R Воловар | 6,2 | 13,1 | 223 | 702+60 52 |
|
T Рамнило | 6,2 | 13,6 | 244 | 1.116+168 129 |
|
R Мал Лав | 6,3 | 13,2 | 372 | 347+653 137[18] |
|
S Девица | 6,3 | 13,2 | 375 | 729+273 156 |
|
R Мрежичка | 6,4 | 14,2 | 281 | 1.553+350 241 |
|
S Херкул | 6,4 | 13,8 | 304 | 477+27 24 |
|
U Херкул | 6,4 | 13,4 | 404 | 572+53 45 |
|
R Октант | 6,4 | 13,2 | 407 | 504+46 39 |
|
S Сликар | 6,5 | 14,0 | 422 | 574+74 59 |
|
R Голема Мечка | 6,5 | 13,7 | 302 | 489+54 44 |
|
R Ловечки Кучиња | 6,5 | 12,9 | 329 | 661+65 54 |
|
R Рамнило | 6,5 | 12,8 | 496 | 581+10.000 360[18] |
|
T Голема Мечка | 6,6 | 13,5 | 257 | 1.337+218 164 |
|
R Кочијаш | 6,7 | 13,9 | 458 | 227+21 17 |
|
RU Херкул | 6,7 | 14,3 | 486 | 511+53 44 |
|
R Змеј | 6,7 | 13,2 | 246 | 662+58 49 |
|
V Северна Круна | 6,9 | 12,6 | 358 | 843+43 39 |
|
T Касиопеја | 6,9 | 13,0 | 445 | 374+37 31 |
|
R Пегаз | 6,9 | 13,8 | 378 | 353+35 29 |
|
V Касиопеја | 6,9 | 13,4 | 229 | 298+15 14 |
|
T Паун | 7,0 | 14,4 | 244 | 1.606+340 239 |
|
RS Девица | 7,0 | 14,6 | 354 | 616+81 64 |
|
Z Лебед | 7,1 | 14,7 | 264 | 654+36 33 |
|
S Орион | 7,2 | 13,1 | 434 | 538+120 83 |
|
T Змеј | 7,2 | 13,5 | 422 | 783+48 43 |
|
UV Кочијаш | 7,3 | 10,9 | 394 | 1.107+83 72 |
|
W Орел | 7,3 | 14,3 | 490 | 321+22 20 |
|
S Кефеј | 7,4 | 12,9 | 487 | 531+23 21 |
|
R Печка | 7,5 | 13,0 | 386 | 633+44 38 |
|
RZ Пегаз | 7,6 | 13,6 | 437 | 1.117+88 76 |
|
RT Орел | 7,6 | 14,5 | 327 | 352+24 21 |
|
V Лебед | 7,7 | 13,9 | 421 | 458+36 31 |
|
RR Орел | 7,8 | 14,5 | 395 | 318+33 28 |
|
S Воловар | 7,8 | 13,8 | 271 | 2.589+552 387 |
|
WX Лебед | 8,8 | 13,2 | 410 | 1.126+86 75 |
|
W Змеј | 8,9 | 15,4 | 279 | 6.057+4.469 1.805 |
|
R Јарец[19] | 8,9 | 14,9 | 343 | 1.407+178 142 |
|
UX Лебед | 9,0 | 17,0 | 569 | 5.669+10.000 2.760 |
|
LL Пегаз | 9,6 K | 11,6 K | 696 | 1.300[20] | |
TY Касиопеја | 10,1 | 19,0 | 645 | 1.328+502 286 |
|
IK Бик | 10,8 | 16,5 | 470 | 285+36 29 |
|
CW Лав | 11,0 R | 14,8 R | 640 | 95+22 15[21] |
|
TX Жирафа | 11,6 B | 17,7 B | 557 | 333+42 33 |
|
LP Андромеда | 15,1 | 17,3 | 614 | 400+68 51 |
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.