From Wikipedia, the free encyclopedia
Мир е состојба кога на некоја територија не се води војна. Повеќето војни резултираат со некаков мир, најчесто неповолен за поразените (како на пр. Версајскиот мировен договор). Сепак, постојат и војни кои завршиле со тотално уништување на поразениот (пр. војната меѓу Рим и Картагина)
Мирот можеме да го повреземе со спокој, хармонија, без конфликти, толеранција, дијлог. Мирот е спротивно од конфликт. Постојат многу теории и дефиниции за мирот. Според некои, мирот претставува слобода без препреки, спокој, хармонија, несебичен чин на љубовта. Според други, мирот е внатрешно задовлство ведрина, а за трети, состојба без насилства и зла. Во најширока смисла на зборот, мирот е состојба на хармонија, без никакви конфликти не само помеѓу луѓето, туку и помеѓу и природата.
Уште Старите Римјани се обидувале да го определат мирот. За нив мирот претставувал состојба без војни. Во седумдесеттите години од XX век, се појавила хипи-културата, за која „Мир во светот“ претставува една од главните пароли, најчесто употребувана против американскиот режим во однос на војната во Виетнам.
Според глобалниот индекс за мирот што го објавува Институтот за економија и мир, во 2016 година најдобро рангирани земји според мирот биле: Исланд, Данска, Австрија, Нов Зеланд, Португалија, Чешка, Швајцарија, Канада, Јапонија и Словенија. Во поглед на мирот и безбедноста, Хрватска била сместена на 26. место во светот, Бугарија го зазела 29. место, Србија 48. место, Албанија се наоѓала на 54. место, Косово на 77. место, а Македонија дури на 94. место.[1]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.