Минско-Могиљовската архиепископија (латински: Archidioecesis Minscensis Latinorum-Mohiloviensis Latinorum, белоруски: Мінска-Магілёўская архідыяцэзія) — католичката архиепископија во Белорусија. Минско-Могиљовската архиепископија се состои од Витепската, Гродненската и Писнката епархија. Катедрала на архиепископија е Црквата Пресвета Богородица во Минск. Ко-каедрала е Катедралата на Успение на Дева Марија во Могиљов.

Thumb
Минско-Могиљовската архиепископија на мапата на Република Белорусија.

Историја

Могиљовската архиепископија била формирана на на 15 април 1783 врз основа на Onerosa pastoralis officii cura од страна на папата Пиј VI. Нејзината катедрала се наоѓала во Санкт Петербург.

На 9 август 1798 година била формирана Минската епархија која подоцна влегла под јурисдикција на Могиљовската архиепископија. Во 1869 година Минската епархија била укината, а нејзината територија била припоена кон Могиљовската архиепископија. Во 1917 година Минската епархија била повторно воспоставена и де факто траела само до почетокот на 20-тите години, кога повторно била укината од страна на советските власти. Единствениот мински епископ бил Зигмунд Лозински.

На 1 декември 1921 година, Могиљовската архиепископија предаде дел од својата територија за изградба на апостолски викаријат, кој на 2 март 1923 година беше преобразен во Владивосточната епархија.

На 13 април 1991 година, папата Јован Павле II ја издал булата Ex quadam, што де јуре ги обедини Могиљовската архиепископија и Минската епархија. На истиот ден Могиљовската архиепископија предаде дел од својата територија за изградба на апостолската администратура на Москва (денес Архиепископијата на Божјата Мајка) и Новосибирск (денес Преобразбенската епархија на Новосибирск).

Структура

Архиепископијата ја зафаќа територијата на Минската и Могиљовската област. Првично, беше вклучена и територијата на Витепската област, за која во 1999 година беше формирана Витепската епархија. Другите епархии на Белорусија се подредени на Минско-Могиљовската архиепископија.

Деканати

  • Бобрујски;
  • Борисовски;
  • Будславски;
  • Вилејски;
  • Џерзински;
  • Ивенецки;
  • Костјуковски;
  • Логојски;
  • Архикатедрален (Минск и Мински округ);
  • Золотогорски (Минск и Мински округ);
  • Каљваријски (Минск и Мински округ);
  • Серебрјанкски (Минск и Минск (округ);
  • Југозападен (Минск и Мински округ);
  • Могиљовски;
  • Молодечненски;
  • Мстиславски;
  • Несвишки;
  • Рубежевски;
  • Слуцки;
  • Червенски.

Епископи

Како прв архиепископ бил назначен кардиналот Казимир Свјонтек. На 14 јуни 2006 година, папата Бенедикт XVI ја прифати неговата петицијата за ослободување од раководство на епархијата, за апостолски администратор бил назначен Антониј Демјанко.

На 21 септември 2007 година за нов архиепископ на Минско-Могиљовската архиепископија бил назначен Тадеуш Кондрусјевич, поранешниот архиепископ на Архиепископијата на Божјата Мајка во Москва. Помошни епископи се Јуриј Кособуцки и Александар Јашевски.

Денешна состојба

Според catholic-hierarchy.org во 2013 година, епархијата нумерирала 610 илјади католици (13 % од вкупното население), 122 свештеници, 76 монаси (вклучувајќи 65 јеромонаси), 69 монахињи и 222 пароси.[1]

Наводи

Поврзано

Извори

Надворешни врски

Wikiwand in your browser!

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.

Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.