From Wikipedia, the free encyclopedia
Миленик[1][2] — интимен соработник или придружник на владетел или друга важна личност.
Во посткласична и рана модерна Европа, меѓу другите места, поимот се користел за поединци на кои владетелот им делегирал значајна политичка моќ. Оваа појава особено честа била во 16 и 17 век, кога владеењето станало премногу сложено за многу наследни владетели без многу интерес или талент за тоа, а политичките институции сè уште се развивале. Од 1600 до 1660 година години во голем дел од Европа, особено во Шпанија, Англија, Франција и Шведска, имало посебни сукцесии на семоќни министри миленици.[3]
Овој поим понекогаш се користи и од писателите кои сакаат да ги избегнат поимите како „кралска љубовница“, „пријател“, „придружник“ или „љубовник“ (од кој било пол). Неколку миленички/миленици имале сексуални односи со монархот (или со сопругата на монархот). Чувствата на монархот кон миленикот се движеле од едноставна верба во неговите способности до различни степени на емоционална наклонетост и зависност, а понекогаш вклучувале и сексуална заљубеност.
Поимот има вграден елемент на неодобрување и Оксфордскиот англиски речник го дефинира како „Оној кој стои претерано високо во корист на принцот“.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.