![cover image](https://wikiwandv2-19431.kxcdn.com/_next/image?url=https://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/4/4a/Espejo_%25283207185886%2529.jpg/640px-Espejo_%25283207185886%2529.jpg&w=640&q=50)
Механички бран
From Wikipedia, the free encyclopedia
Механички бран е бран кој претставува осцилација на материја, и затоа пренесува енергија преку медиум.[1] Додека брановите се движат на долги растојанија, движењето на медиумот за пренос (материјата) е ограничен/а. Затоа, осцилирачкиот материјал не се движи подалеку од неговата почетна рамнотежна положба. Механички бранови ја шират енергијата. Оваа енергија се шири во иста насока како и бранот. Каков било вид на бран (механички или електромагнетен) има одредена енергија. Механичките бранови можат да се создадат само во медиуми кои поседуваат еластичност и инерција.
![Thumb image](http://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/4/4a/Espejo_%283207185886%29.jpg/640px-Espejo_%283207185886%29.jpg)
Механичкиот бран бара почетно внесување на енергија. Откако ќе се додаде оваа почетна енергија, бранот патува низ медиумот додека не се пренесе целата енергија. Спротивно на тоа, електромагнетни бранови , не бараат медиум, но сепак може да се шират низ еден.
Една важна особина на механичките бранови е дека нивните амплитуди се мерат на посебен начин односно поместувањето поделено собрановата должина. Кога ова ќе се спореди со единица, може да се појават значителни нелинеарни ефекти како хармонско произведување и, доколку е доволно голем, може да резултира со хаотични ефекти. . На пример, брановите на површината на водата се губат кога оваа бездимензионална амплитуда надминува 1, што резултира со пена на површината и турбулентно мешање. Некои од најчестите примери на механички бранови се водни бранови, надолжни бранови (звучни) и површински бранови (сеизмички).