Мет Дејмон
From Wikipedia, the free encyclopedia
Метју Пејџ „Мет“ Дејмон (роден на 8 октомври 1970 г.)[1] — американски глумец, сценарист и продуцент.
Мет Дејмон | |
---|---|
Дејмон во 2014 година | |
Роден(а) | Метју Пејџ Демјон 8 октомври 1970(1970-10-08) (53 г.) Кембриџ, Масачусетс, САД |
Алма матер | Харвард |
Занимање | Глумец, сценарист, филмски продуцент |
Активен период | 1988–сè уште |
Сопружник | Лусијана Бозан Баросо (в. 2005) |
Деца | 3 ќерки |
Тој е рангиран на списокот на најпрофитабилни славни личности на списанието Форбс[2] и е еден од највисоко платените глумци на сите времиња.[3] Дејмон добил различни награди во текот на својата кариера, вклучувајќи еден Оскар од пет номинации, два Златни глобуси од осум номинации, и бил номиниран за две БАФТА награди и шест Еми награди.
Роден и израснат во Кембриџ, Масачусетс, Дејмон започнал да глуми во средношколски театарски претстави и првата филмска улога ја добил во филмот Мистична пица (1988). Во 1997 година тој станал познат со филмот Добриот Вил Хантинг, чие сценарио го напишал заедно со Бен Афлек, и исто така во филмот играл и главна улога. Заедно со Афлек, тој добил Оскар и Златен глобус за најдобро оригинално сценарио, а исто така бил номиниран и за Оскар за најдобар глумец. Тој продолжил да собира пофалби од филмските критичари за улогите во филмовите Спасувањето на војникот Рајан (1998), Талентираниот господин Рипли (1999), Догма (1999), Сиријана (2005) и во Покојните (2006).
Дејмон исто така е познат по улогата на Џејсон Борн во филмскиот серијал Борн (2002–16) и како измамник во трилогијата Оушн (2001–07). За споредната улога на рагби играч во спортската драма Непобедливи (2009) и за главната улога на астронаут заглавен на Марс во научно-фантастичниот филм Марсовец: Спасувачка мисија (2015), Дејмон добил номинации за Оскар за најдобар спореден глумец и најдобар глумец, редоследно. За вториот филм, тој исто така добил Златен глобус за најдобар глумец во комедија или мјузикл. Дејмон добил номинации за Еми награда за неговата изведба во биографскиот филм Зад канделабрите (2013) и за продуцирање на документарната серија Проект зелено светло.