![cover image](https://wikiwandv2-19431.kxcdn.com/_next/image?url=https://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/7/76/Life_Ball_2013_-_magenta_carpet_Melanie_Griffith_02.jpg/640px-Life_Ball_2013_-_magenta_carpet_Melanie_Griffith_02.jpg&w=640&q=50)
Мелани Грифит
From Wikipedia, the free encyclopedia
Мелани Ричардс Грифит (родена на 9 август 1957 г.)[1] — американска глумица.
Мелани Грифит | |
---|---|
![]() Грифит во 2013 година | |
Роден(а) | 9 август 1957(1957-08-09) (66 г.) Њујорк, САД |
Занимање | Глумица |
Активен период | 1969–сè уште |
Сопружник |
|
Деца | 3 |
Родители | Питер Грифит Типи Хедрен |
Роднини | Трејси Грифит (полусестра) |
Првата улога во кариерата, таа ја добила во филмот Ноќни движења (1975), глумејќи наспроти Џин Хекман. Таа станала позната по улогата во еротскиот трилер Дублерка (1984) режиран од Брајан Де Палма, за која добила награда за најдобра споредна глумица од националното друштво на филмски критичари. Изведбата на Грифит во Чудесна девојка (1986) ѝ донела критички пофалби, а потоа за улогата во Вработена девојка (1988), таа била номинирана за Оскар за најдобра глумица и добила Златен глобус.
Во 1990. години Грифит играла низа на улоги кои добиле различни критики: таа добила номинации за Златен глобус за улогите во телевизиските филмови Бафало девојки (1995) и Проект 281 (1999), а исто така добила и Златна малина за најлоша глумица за нејзината изведба во Пробивање на светлината (1992), и номинации за истата награда за изведбите во филмовите Луди во Алабама (1999) и Избезумениот Сесил Б. (2000). Во овој период таа играла и во филмовите Пацифик Хајтс (1990), Водопадите Мулхоланд (1996), Лолита (1997) и Друг ден во рајот (1998).