домашно животно From Wikipedia, the free encyclopedia
Обична мачка (латински: Felis silvestris catus или латински: Felis catus) — најраспространетиот вид од семејството мачки (Felidae): како дива или домашна (Felis ocreata domestica) ја има насекаде. Иако е припитомена, мачката не го загубила својот инстинкт на ловец и кога лови на жртвата ѝ се приближува со бесшумно прикрадување. И таа, како другите мачки, преде кога е задоволна. Иако ловат сами, мачките се социјални суштества и користат разни вокализации, феромон и видови говор на тело за комуникација, како мјаукање, предење, `ржење и сл.
Анатомијата на мачката е слична со онаа на другите животни од родот Мачки, со силно, еластично тело, брзи рефлекси, остри канџи и заби прилагодени за убивање ситен плен. Како ноќни грабливци, мачките го користат нивниот остар слух и вештината да гледаат во темно за да го најдат својот плен. Не само што слушаат звуци што се преслаби за да ги регистрира човечкото уво, туку тие исто така слушаат и звуци со повисока честота. Мачките исто така имаат и многу подобро сетило за мирис од тоа на луѓето.
Со луѓето е од многу одамна. Во стариот Египет, мачката била дури свето животно. Бастет, на пример, била мачколика божица на музиката, на танцот и на мајчинството. За разлика од кучето, мачката е многу понезависна и приврзана им е само на оние што знаат да ја пленат. Се претпоставува дека домашната мачка потекнува од дивата мачка од Стариот Свет (Европа, Азија, Африка) која е малку поголема и има подолга опашка.
Весникот The New York Times во 2007 напишал дека иако до неодамна за мачката се верувало дека била припитомена во стариот Египет каде била култно животно",
[1] една понова студија, од истата година, открива дека сите домашни мачки веројатно водат потекло од африканската дива мачка (Felis silvestris lybica), припитомени некаде околу 8000 п.н.е., на Блискиот Исток.[2] Најстариот директен доказ за припитомената мачка е маче закопано до човек, уште пред 9.500 години на Кипар.[3][4]
Научното име Felis catus е дадено од Карл Линеј во 1758 година за домашната мачка.[5][6]Felis catus domesticus е име предложено од Јохан Кристијан Поликарп Еркслебен во 1777 година.[7]Felis daemon е име предложено од Константин Сатунин во 1904 година за црна мачка од Закавказје, подоцна идентификувана како домашна мачка.[8][9]
Во 2003 година, Меѓународната комисија за зоолошка номенклатура одредила дека домашната мачка е посебен вид наречен Felis catus.[10][11]
„Големата авантура на Фигаро“ — расказ за деца на македонската писателка Оливера Николова.[36]
„Мачето на Господ Бог“ - расказ на руската писателка Људмила Петрушевска.[37]
„Петтоглава вечерна сказна за куклениот цар со тиква празна врз празните сандаци од мармалад, за црното маче Мау-Мау и за беззабиот пес од плоштад“ — песна на македонскиот писател Видое Подгорец.[38]
„Мачор-астроном“ — песна на македонскиот поет Живко Ризовски од 1995 година.[39]
Linnaeus, C. (1758). „Felis Catus“. Systema naturae per regna tria naturae: secundum classes, ordines, genera, species, cum characteribus, differentiis, synonymis, locis (латински). 1 (10th reformed. изд.). Holmiae: Laurentii Salvii. стр.42.
Возенкрафт, В. К. (16 ноември 2005). Вилсон, Д. Е., и Ридер, Д. М. (уред.). Mammal Species of the World (Трето издание. изд.). Johns Hopkins University Press. стр.534–535. ISBN 0-801-88221-4.CS1-одржување: повеќе имиња: список на уредници (link)
Влада Урошевиќ, „Хофман - писателот што го открил клучот на фантастиката“, во: Е. Т. А. Хофман, Фантастични раскази. Скопје: Македонска книга 2002, 2002, стр. 182.