Матеј II Цариградски — Вселенски патријарх во три периоди, кусо во 1596 година, од 1598 до 1602 и неколку денови во 1603 година.[1]
Матеј II Цариградски | |
---|---|
Цариградски патријарх | |
Црква | Цариградска патријаршија |
На служба | февруари 1596 април 1598 – јануари 1602 јануари –февруари 1603 |
Претходник | Еремија II Теофан I Неофит II |
Наследник | Гаврил I Неофит II Рафаил II |
Лични податоци | |
Починал | 1603 |
Претх. служба | јанински митрополит |
Живот
Роден е во с. Клиново, Тесалија, во влашко семејство[2] и станал јанински митрополит. Во 1596 година бил избран за патријарх, но изборот не бил признат од страна на Светиот синод бидејќи бил избран без да присуствуваат сите членови, па тка по дваесет денови бил приморан да се повлече и да замине на Света Гора.[3]
Во април 1598 година бил повторно избран за патријарх и на престолот останал сè до јануари 1602 година, кога се вратил на Света Гора. За време на своето патријархување Матеј го префрили патријахалното седиште од црквата Св. Димитриј која се користела од 1597 година во незначајната црква Св. Ѓорѓи во Фанар, каде е до денес. Тој исто така ја канонизирал благословената Филотеја Атинска, која пострадала маченички неколку години претходно во Атина.[3]
Уште еднаш вил прогласен за патријарх во јануари 1603 година мо на престолот останал само седумнаесет денови, најверојатно до неговата смрт,[1] или, според други извори, сè додека не се повлекол на Света Гора каде починал истата година.[3]
Наводи
Wikiwand in your browser!
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.