From Wikipedia, the free encyclopedia
Мартин Луис Перл (24 јуни 1927 – 30 септември 2014) — Американски физичар кој ја добил Нобеловата награда за физика во 1995 за неговото отркитие на тау честичките.
Мартин Луис Перл | |
---|---|
Роден(а) | јуни 24, 1927 Њујорк, САД |
Починал(а) | септември 30, 2014 87) Пало Алто, Калифорнија | (возр.
Националност | САД |
Полиња | Физичар |
Установи | Универзитетот во Мичиген Stanford Linear Accelerator Center (SLAC) Универзитетот во Ливерпул |
Образование | NYU-Poly и Универзитет Колумбија |
Докторски ментор | И. А. Раби |
Докторанди | Семјуел Ч. Ч. Тинг, Тинг Ванг |
Познат по | Тау лептон |
Поважни награди | Нобелова награда за физика во 1995 |
Перл е роден во градот Њујорк, САД. Неговите родители, Феј (моминско Резентал), која била секретарка и сметководителка, и татко Оскар Перл, стационарен продавач кој основал компанија за печатење и рекламирање, биле Еврејски емигранти во САД од полскиот дел на Русија.[1]
Перл дипломирал во 1948 како хемиски инженер на Бруклинскиот политехнички институт (сега познат и како ЊЈУ-Поли) во Бруклин. По дипломирањето, Перл работел Џенерал Електрик, како хемиски инженер во фабрика за произведување на електронски вакуум цевки. Со цел да научи како работат електорнските цевки, Перл се пријавува на курс за атмоска физика и напреден калкулус на Јунион колеџ во Шенектади, Њујорк, каде интересот за физика пораснал, а со тоа и да стане дипломиран студент по физика во 1950. [1]
Тој докторирал на Универзитетот Колумбија во 1955, каде негов советник за докторската теза бил И. A. Раби. Тезата на Перл содржела објаснувања за мерењето на јадрен четириполен момент на натриум, користејќи метода на атмоски резонантен зрак, за кој Раби ја добил Нобеловата награда за физика во 1944.[1]
Откако докторирал, Перли ги поминува следните 8 години на Мичигенскиот универзитет, каде работел на силното заемодејство, користејќи меурни и искрени комори за да го истражува распрснувањето на пиони а подоцна и на неутрони и протони.[1] Додека престојува во Мичиген, Перл и Лоренс В. Џонс му помагаат како советници на Семјуел Ч. Ч. Тинг кој ја освојува Нолебовата награда за физика во 1976.
Барајќи поедноставен начин за проучување на интереакцискиот еханизам, Перл започнува со интеракција помеѓу електрони и миони.[2] Тој добил прилика за планирање на овој експеримент откако се преселил во Стенфродовиот „Linear Accelerator Center“ (SLAC) во 1963, тогаш изграден во Калифорнија. Тој практично бил заинтересиран за разбирањето на мионите: зошто мора да имаат иста интеракција како и електроните, но 206.8 пати потешка и зошто се распаѓа при целиот процес. Перл одбрал да ги пронајде одговорите на овие прашања со правење експерименти на високо енергетски лептони. Дополнително размилувал и за можноста за проноаѓање трета генерација лептони преку судирање на електрон и позитрон. Тој умира откако претрпува срцев удар[3] во болницата на Универзитетот Стенфорд, 30 септември 2014 година, на возраст од 87 години.[4]
Тау лептон (τ, исто така нарекуван и тау-честичка, тауон или едноставно тау) — елементарна честичка слична на електронот, со негативен електричен набој и вртеж од 1⁄2, но со 3477 пати поголема маса. Заедно со електронот, мионот и трите неутрино честички, се класифицираат како лептони.
Тау најпрво била откриена во серија експерименти помеѓу 1974 и 1977 од страна на Перл и неговите колеги во групата SLAC-LBL.[5] Нивната опрема се состоела од новиот SLAC e+
e+
–e−
e−
судирачки прстен, наречен SPEAR и LBL магнетен детектор. Можеле да детектираат и разликуваат помеѓу лептони, хардони и фотони.SPEAR овозможувал судирање на електрони и позитрони на повисоки енергии, првично од 4.8 GeV па сè до 8 GeV, енергии доволно високи за да доведат до продукција на тау / антитау пар.[2] Тау има животен век од само 2,9⋅10-13 s со што овие честички се распаѓаат на неколку милиметри по судирот.[6] Оттука Перл и неговите соработници не успеале да ги отркијат тау-честичките директно, односно откриле аномалија при настанатите каде забележале или електрон и мион, или позитрон и антимион:
Потребата од најмалку две честички е прикажана од неможноста да се заштитат енергиите и моментумот со една честичка. Но, ниту мион, електрон, фотон или хардон биле откриени. Се претпоставило дека овој настан при распадот произведува нов пар честички:
Ова претставувало потешкотија при докажување, бидејќи енергијата која ја произведува τ+
τ+
τ−
τ−
парот е слична на прозиведувањето на Д мезон. Работата направена во DESY-Хамбург и со Direct Electron Counter (DELCO) во SPEAR, последователно ја поставиле масата и вртежот на тау.
Симболот τ е добиен од Грчкиот збор τρίτον (тритон, односно "трет"), бидејќи бил третиот откриен лептон.[7]
Перл ја добива Нобеловата награда во 1995 заедно со Фредерик Рајнес. Наградата е доделена за „пионерски придонеси во екпериментирањето со лептонска физика“. Перл ја добива својата половина за „откривањето на тау лептон“, додека Рајнес својот дел за „откривањето на неутрино“.[8]
Тој се приклучува на Универзитот во Ливерпул како гостински професор.[9] Служел и како советник во одборот на Американски научници и инженери, организација фокусирана на промоција на науката во Американската влада. Во 2009, Перл добива почесна докторска титула од Универзитетот во Белград.[10]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.