Маргарет Мичел
From Wikipedia, the free encyclopedia
Маргарет Минерлин Мичел (8 ноември 1900 — 16 август 1949 )[2] — писателка и новинар од САД која пишувала под псевдонимот Пеги Мичел. Додека живеела, објавен е единствено нејзиниот роман „Одвеано со виорот“. За овој роман Мичел добила Национална книжевна награда за најистакнат роман во 1936 година[3] и Пулицерова награда за книжевно дело во 1937 година. Неодамна, објавена е збирка на Мичел со записи од детството и роман кој го напишала кога била тинејџерка. Збирка на статии напишани од страна на Мичел за Атлантскиот весник (Atlanta Journal) била реиздадена како книга.
Кратки факти Маргарет Мичел, Роден/а ...
Маргарет Мичел | |
---|---|
Мичел во 1941 г. | |
Роден/а | Маргарет Манерлин Мичел 8 ноември 1900(1900-11-08) Атланта, Џорџија, САД |
Починат/а | 16 август 1949(1949-08-16) (возр. 48) Атланта, Џорџија, САД |
Почивалиште | гробишта Оукленд во Атланта |
Псевдоним | Пеги Мичел |
Занимање | новинар, романописец |
Образование | Смит Колеџ[1] |
Жанр | љубовни романи, историска проза |
Значајни дела | Одвеано со виорот |
Значајни награди | Пулицерова награда за книжевно дело (1937) Национална книжевна награда (1936) |
Сопруг/а | Бериен Кинард Апшо (1922–1924; разведена) Џон Роберт Марш (1925–1949 вдовица) |
Потпис |
Затвори