From Wikipedia, the free encyclopedia
Манлио Гиованни Бросио (10 јули 1897 година – 14 март 1980) бил италијански адвокат, дипломат, политичар и четвртиот Генерален секретар на НАТО помеѓу 1964 година и 1971 година.
Манлио Џовани Бросио | |
---|---|
4-ти Генерален секретар на НАТО | |
На должноста 1 август 1964 – 1 октомври 1971 | |
Претходник | Дирк Стикер |
Наследник | Јозеф Лунс |
Лични податоци | |
Роден(а) | јули 10, 1897 Торино, Италија |
Починал(а) | март 14, 1980 82) Торино, Италија | (возр.
Партија | Италијанска либерална партија |
Бросио е роден во Торино и студирал право на локалниот универзитет. За време на Првата светска војна, тој служел во Алпски полк како артилериски офицер. По војната тој дипломирал, и во 1920 година тој влегол во политиката. Подоцна неговата политичка активност била забранета поради неговото спротивставување на фашизмот.
За време на Втората светска војна, по Сојузничката инвазија на Италија во 1943 година; Бросио станал член на Националниот ослободителен одбор. По војната тој повторно влегол во политиката, и станал заменик-премиер, а во 1945 година министер за одбрана.
Во јануари 1947 година, Брисио станал италијански амбасадор во Советскиот Сојуз и се вклучил во мировни преговори меѓу земјите. Во 1952 година тој станал амбасадор во Обединетото Кралство, во САД, и од 1961-1964 во Франција.
На 12 мај 1964 година, НАТО, советот го избрал Бросио да го замени Дирк Стикер како генерален секретар. Тој дал оставка на 3 септември 1971 година. На 29 септември 1971 година, американскиот претседател Ричард Никсон му го доделил претседателскиот „Медал на слободата“.
Бросио починал во Торино. Тој бил чичко на пејачката и телевизиски презентер Внна Бросио.[1]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.