From Wikipedia, the free encyclopedia
Максимилијан I Јосиф (германски: Maximilian I Joseph; 27 мај 1756 - 13 октомври 1825) — војвода на Цвајбрикен од 1795 до 1799 година, изборен кнез на Баварија (како Максимилијан IV Јосиф) од 1799 до 1806 година и крал на Баварија (како Максимилијан I Јосиф) од 1806 до 1825 година. Тој бил член на династијата Пфалц-Биркенфелд-Цвајбрикен, огранок на династијата Вителсбах.
Максимилијан I Јосиф | |||||
---|---|---|---|---|---|
Портрет од Јозеф Карл Штилер, 1822 | |||||
Крал на Баварија | |||||
На престол | 1 јануари 1806 – 13 октомври 1825 | ||||
Наследник | Лудвиг I | ||||
Електорат на Баварија | |||||
На престол | 16 февруари 1799 – 6 август 1806 | ||||
Претходник | Чарлс I | ||||
Наследник | титулата е укината | ||||
Роден(а) | 27 мај 1756 Шветцинген, Палатин Цвајбрикен, Свето Римско Царство | ||||
Починал(а) | 13 октомври 1825 (возр. 69) Минхен, Баварија, Германски Сојуз | ||||
Почивалиште | Црква Театин, Минхен | ||||
Сопружник | Принцеза Аугуста Вилхелмин од Хесен-Дармштат (в. 1785; п. 1796) Принцеза Каролина од Баден (в. 1797) | ||||
| |||||
Династија | Пфалц-Биркенфелд-Цвајбрикен | ||||
Татко | Фридрих Михаел фон Пфалц-Цвајбрикен | ||||
Мајка | Марија Франциска фон Пфалц-Сулцбах | ||||
Вероисповед | Римокатоличка црква |
За време на Наполеоновите војни, во сојуз со Франција, на 1 јануари 1806 се прогласува за крал на Кралството Баварија. Преку радикалните реформи и територијалните промени во неговото време, Баварската држава успева да стане трета најмоќна германска држава по Кралството Прусија и Австриското Царство. Меѓу неговите поданици, тој бил познат како „Крал Макс“, користејќи ја популарната кратка форма на неговото име.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.